Со автомобил удрил жена на тротинет, па избегал


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Во вторникот, во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.