Маричиќ се сретна со Вархеи во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Тие двајцата разговарале за политичката ситуација во Македонија, за скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година. На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет […]