Во Кисела Вода се гради првиот шаховски парк во нашата држава


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, го означија започнувањето на изградба на првиот шаховски парк во Македонија кој се гради во населбата 11 Октомври Бараки. -Со големо задоволство денес, сакам да најавам дека на оваа огромна површина од 4.000 метри квадратни започнуваме со изградба […]

Свештеник уништи тикви издлабени од децата, малите во солзи: „Ги уништив симболите на сатанската забава!“


Чешкиот свештеник мораше да им се извини на децата од соседството, откако изгази тикви издлабени за Ноќта на вештерките оставени во близина на неговата црква. Отец Јаромир Смејкал ги уништи портокаловите тикви со резбани очи и усти со кои традиционално се одбележува 31 октомври, датумот на кој заради забавата и слатките, децата најмногу се радуваат. […]

Дали Газа може да стане за Израел она што беше Фалуџа за Американците?


  Американските воени функционери се обидуваат да го одвратат Израел од типот на брутална, урбана борба што ја водеа САД против бунтовниците за време на војната во Ирак, во обид да ги спречат Израелците да се заглават во крвави борби од куќа до куќа додека тие се подготвуваат за напад врз Газа, изјавија за Си-Ен-Ен […]

Пораст на расизмот во Европа, поради боја на кожа не можат да најдат работа или да изнајмат стан


Агенцијата за основни права на европските граѓани (ФПА) објави истражување за порастот на расизмот во земјите членки на Европската Унија, а најлоши резултати се забележани во Германија, Австрија и Финска. Извештајот посочува на зголемување на расната дискриминација за 20 отсто во споредба со претходното истражување. Дискриминираните пријавиле расизам во речиси секоја сфера од животот – […]

Заменици министри за здравство на распит пред Анкетната комисија за онкологија


Поранешниот заменик министер за здравство Илир Хасани денеска пред членовите на Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија истакна дека не чуствува никаква одговорност за тоа што се случи на онкологија, бидејќи тој како заменик министер имал лимитирани овластувања.  Функцијата заменик министер за здравство Хасани ја извршуваше во периодот од септември 2020 година до […]

Почнува изградбата на седмиот и осмиот блок на нуклеарната централа Козлодуј


Бугарија денеска одобри изградба на два нуклеарни реактора со американска технологија, додека најсиромашната балканска членка на ЕУ се обидува да ги диверзифицира своите извори на енергија. Двата нови реактора ќе бидат лоцирани во местото на државната централа „Козлодуј“ на реката Дунав, која во моментов се потпира на руско гориво за двата советски реактори од 1.000 […]

Зимското сметање на времето почнува в недела – на што треба да се внимава?


Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско – летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно. Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени […]

„Пронајди ме“: Во Србија почнува да функционира систем за итно известување за исчезнати деца


Белград – Србија доби систем за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца, осум години по покренувањето на иницијативата за негово воведување. Системот „Пронајди ме“ е направен по моделот на Amber alert, американскиот систем за пронаоѓање деца, кој постои од 1996 година, а слични системи се воведени во многу земји, […]

Приведена девојката што ја нападна Елена Ристевска


Девојката што ја нападна во клубот „Интермецо“ пејачката Елена Ристевска денес е приведена од полицијата и  доби кривична пријава. Во соопштението на СВР Скопје стои:  На 24 октомври полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23 октомври во угостителски […]

Моника Црнокрак од избори на убавина на ТВ – ќе дебитира во „Голден карпет“


Моника Црнокрак, ќерката на Мики и Светлана Црнокрак по изборите на убавина ќе заплива и во телевизиските води. Ќе се приклучи на водителскиот тим во четвртатта сезона на „Голден карпет“, една од најгледаните забавни емисии на Канал 5, на 5 ноември, недела, во 19, 30 часот. Како и до сега Миро Кацаров е домаќин, а […]

ВОА: Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, туку Латиноамериканците


Белците повеќе не се мнозинско население во Тексас, а Латиноамериканците во моментов се најголемото население во американската сојузна држава, покажуваат резултатите од новиот попис од јуни оваа година, јави Гласот на Америка (Voice of America) Според пописот, во Тексас живеат 40,2 отсто Латиноамериканци, додека има околу 39,8 отсто белци кои не потекнуваат од Латинска Америка. […]

Сопственикот на Зара: Ќе правиме облека од рециклиран полиестер од текстилен отпад


Сопственикот на Zara Inditex потпиша договор со американскиот стартап Ambercycle за снабдување со рециклиран полиестер, што укажува дека планира да користи повеќе рециклиран текстилен отпад во производството на облека во иднина. Најголемиот синџир на продавници за облека во светот најави дека ќе одвои повеќе од 70 милиони евра за да обезбеди снабдување со рециклиран полиестер […]

Нема друга алтернатива освен транзиција кон обновливи извори на енергија со соработка на приватниот и државниот сектор


Eдна од главните цели на енергетската политика на Република Северна Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија, односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промен, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, во обраќање […]

Косовската полиција заплени марихуана вредна 400.000 евра близу границата со Србија


Косовската полиција во вторникот вечерта заплени 182 килограми марихуана во вредност од околу 400.000 евра, на истокот на земјата, во граничната област меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. При проверка на автомобил со косовски регистарски таблички е пронајдена марихуаната за која постои сомневање дека се превезувала од Србија во Косово. Во […]

Вакцина против сезонски грип бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари


Започна вакцинацијата против сезонскиот грип, граѓани се вакцинираат и бесплатно преку „Мој термин“, но и приватно, на свој трошок. Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Бесим Зеќири во изјава за медиумите рече дека од утринските часови имало пациенти коишто се вакцинирани преку „Мој термин“, како и одредена група, приватно. – Ние имаме вакцини […]

Втор саем на добавувачи: Германските инвеститори ги прошируваат производствените капацитети во Македонија


Македонија останува сериозна дестинација за германските инвеститори, беше порачано денес на вториот бизнис настан Suppliers Balkan Expo- SUBEX, во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК). „Најновите случувања во Европа и светот доведоа до сериозни нарушувања во стопанството, кое секојдневно се соочува со предизвици како последица на војната во Украина која сериозно […]

Спасовски: Инцидентот во „Ист гејт“ е криминална пресметка


По вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ каде од страна на вооружен напаѓач беа ранети две лица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека повеќе полициски тимови активно работат на случајот. Одговарајќи на прашањето, дали по настанот граѓаните би можеле да се чуствуваат безбедни и сигурни, движејќи се по јавни простори, Спасовски рече: – Што […]

Скопјанка тешко повредена откако автобус на ЈСП нагло закочил за да избегне сообраќајка


Вчера попладне, во 13.30 часот, било пријавено дека на булеварот Кочо Рацин во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од 50-годишниот Б. Т. од Скопје, за да избегне сообраќајна незгода, нагло запрел, при што во автобусот паднала патничка, 46-годишната У. А. од Скопје, извести МВР. Таа добила тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. […]

Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото


Македонија падна две места на светската скала за владеење на правото. Во најновиот извештај на Светскиот проект за правда таа е ставена на 67 место од 142 земји, а зад неа од регионот се  Србија, Албанија и БиХ, додека Косово и Црна Гора се понапред. Попрецизно, Македонија има ист број на бодови изминатите четири години, […]

Цената на парното ќе се знае до вторник


Според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски до крајот на овој месец, односно најдоцна до понеделник или до вторник ќе биде донесена одлуката за цената на парното греење во Скопје. „До крајот на месецов, најдоцна до понеделник или до вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното греење во Скопје, бидејќи е исполнето она […]