Републиканецот Мајк Џонсон собра доволно гласови да биде спикер на Претставничкиот дом на САД


Републиканецот Мајк Џонсон, од американската сојузна држава Луизијана, обезбеди доволно мнозинство од гласовите на своите колеги од неговата партија за да стане нов шеф на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, јави Си-Ен-Ен. Изборот на Џонсон, истакнат сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, создава услови за продолжување на работата во Долниот дом на американскиот […]

„Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата изјави дека земјата „се подготвува“ за копнена операција во Газа, а војниците веќе „елиминирале илјадници терористи“. „Сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст“, вели тој, додавајќи дека „деноноќно“ се работи на нивно сузбивање. Тие се мртви луѓе кои одат, вели шефот на израелската Влада. – Се […]

Русија ја тестирала способноста да изведе масовен одмазднички нуклеарен напад


Русија ја тестираше својата способност да изведе масовен одмазднички нуклеарен напад, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на државната телевизија. „За време на обуката имаше практично лансирање на балистички и крстосувачки ракети“, се вели во соопштението на Кремљ. На снимката од настанот, емитуван на државната телевизија се гледа како Шојгу разговара со рускиот претседател […]

Секој кој нема право да остане во Германија ќе биде протеран по кратка постапка


Германската влада има намера да ја интензивира депортацијата на луѓето кои немаат право да останат во Германија, беше соопштено во средата по состанокот на владата во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.   Таа рече дека […]

Германија бара интервали за испорака на помош во Газа


Германската влада денеска повика на интервали за испорака на помош во Газа, но тврди дека целосен прекин на огнот нема да биде соодветен во конфликтот меѓу Израел и Хамас. – Во сегашната ситуација, обидот да се однесуваме како да треба да постигнеме мир или да имаме прекин на огнот не соодветствува со фактите, изјави владиниот […]

Поранешен британски полицаец осуден на доживотен затвор за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца


Поранешен британски полицаец е осуден на доживотен затвор откако се изјасни за виновен за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца. Казната не може да се ублажи додека не се отслужат најмалку 12 години. Осуденикот измамил, се заканувал и уценувал повеќе од 200 млади девојки да му испратат непристојни фотографии на апликацијата Снепчет (Snapchat).  Обвинителите […]

Во замката на кредитните картички: Американците само лани натрупале камати од 105 милијарди долари


Даниел Фоски е меѓу сè поголемиот број Американци кои се сопнаа во јамката на кредитните картички. Фоски, регистрирана стоматолошка хигиеничарка која живее надвор од Кливленд, Охајо, не можеше да ги плати сметките кога пандемијата со Ковид-19 ѝ го прекина работењето во стоматолошката ординација каде што работи. Таа се сврте кон кредитните картички за да преживее, […]

САД бара екстрадиција за сите осомничени во аферата „Бањска“, Вучиќ шокиран


Српскиот претседател Александар Вучиќ доживеа шок на седницата на Советот за безбедност посветена на односите меѓу Србија и Косово, откако САД побараа екстрадиција на сите осомничени за тероризам во аферата „Бањска“, поврзан со конфликтот меѓу српските паравоени групи и косовските полициски сили на северот на Косово што се случи на 24 септември, што е удар […]

Изложба „Дигиталниот свет, стапица за личните податоци“: Внимавајте кога на интернет ви се нуди нешто бесплатно


Корисниците на дигиталните алатки мора да бидат внимателни за тоа како ги користат своите податоци во дигиталниот свет, беше пораката на мултимедијалната изложба „Стаклена соба – дигиталниот свет, стапица за личните податоци“, организирана од Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, пренесува Порталб.мк. Изложбата ја отвори Билјана Петковска од Македонскиот институт за […]

Архиепископот Стефан во посета на Кралството Шведска


Поглавартот на МПЦ-ОА г. г. Стефан, од 19 до 24 октомври, беше во канонска посета на македонските црковни општини во Шведска, „Св. Кирил и Методиј“ во Гетеборг и „Св. Наум Охридски“ во Малме, на покана на митрополитот европски г. Пимен, а по повод одбележувањето на 50-годишнината од основањето на првите македонски црковни општини во Западна […]

Милатовиќ: Црна Гора во рок од пет години ќе стане членка на ЕУ


Подгорица– Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во интервју за Гардијан истакна дека Брисел има можност да ја обнови својата посветеност на проширувањето на Европска Унија, така што Црна Гора ќе стане земја-членка. – ЕУ може да ја покаже својата обновена посветеност на принципот на проширување, така што во рок од пет години ќе ја прифатат Црна […]

„Ист гејт мол“: Безбедноста на вработените и на посетителите е наш врвен приоритет


Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува, за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги преземаме сите мерки што ги имаме на располагање, се наведува во денешното соопштение на скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“. Во врска со инцидентот, што вчера во попладневните часови се случи во […]

Агелер на средба со судиите во Врховен: Судството не смее да биде под притисок на политиката


Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите, беше истакнато на денешната средба меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која присуствуваа и другите судии […]

Рендевски за случајот „Онкологија“ разбрал од медиумите


На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски. Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи […]

Гутереш е „шокиран“ од „погрешните толкувања на некои мои изјави“ за Газа


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е шокиран од погрешните толкувања на неговата изјава пред Советот за безбедност на ОН. Израел повика на негова оставка поради говорот. „Шокиран сум од погрешните толкувања со некои мои изјави… како да ги оправдував терористичките акти на Хамас. Ова е лажно. Беше спротивно“, пишува Ројтерс. „Верувам […]

Застарува и делото „злоупотреба“ за Јанакиески во предметот „Талир“


Застарување ќе има и во предметот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески. „Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат […]

Македонскиот јазик се изучува на Универзитетскиот колеџ во Лондон


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Школата за словенски и источноевропски студии (UCL SSEES) при Универзитетскиот колеџ во Лондон каде што, меѓу другите јазици, се изучува и македонскиот јазик. Костадиновска-Стојчевска се сретна со директорот на оваа реномирана лондонска образовна установа, Ричард Мул, и изрази задоволство од досегашните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство кои се […]

Мерил Стрип се враќа во „Мама миа 3“


15 години по објавувањето на оригиналот, продуцентката на оригиналниот мјузикл Mamma Mia потврдува дека и покрај одложувањата, третиот дел  е на добар пат. Во интервју за Variety, продуцентката Џуди Крејмер откри дека Mamma Mia! 3 е во фаза на подготовка. „Сигурна сум дека [третиот филм] ќе се случи. Јас сум во привилегирана позиција што го […]

Дисфункционална суперсила


САД се соочуваат со потешки закани за нивната безбедност отколку што биле со децении, а можеби воопшто некогаш. Никогаш претходно оваа земја не се соочила со четири здружени антагонисти во исто време – Русија, Кина, Северна Кореја и Иран – чиј колективен нуклеарен арсенал за неколку години би можел да биде речиси двојно поголем од […]

Бектеши не прифаќа уцена од Бугарија за гасот


Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува претстојната зима да биде потешка од минатата во делот на енергетиката и покрај новиот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика зголемување на цените на енергенсите и воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на киловат час руски природен гас низ бугарскиот гасовод. Најави дека […]