Сезонските работници во ЈКП Гази Баба добија покачување на платата


Ново зголемување на хонорарите добија сезонските работници во ЈКП гази Баба, па сега нивната плата изнесува 19.000 денари, се пофали градоначалникот Бобан Стефковски.

– Утрово имав средба со сезонските работници, ангажирани во ЈКП Гази Баба на која ги информирав за новото покачување на платите во висина од 2.000 денари.  Ова е трето покачување на платите на сезонските работници кои се грижат за комуналната хигиена во општина Гази Баба од моето доаѓање за градоначалник – рече тој.

Во 2021 година, работниците примаа плата во висина од 14.500 денари, а со ова покачување платата ќе изнесува 19.000 денари.
– Со задоволство можам да кажам дека платите во изминатите две години се зголемени за 31%. Сите ние сме сведоци на секојдневен раст на инфлацијата и токму поради тоа моја лична заложба е трендот на зголемување на платите да продолжи и во следниот период – вели Стефковски.