РЕК „Битола“ денес работи со сите три блока на мрежа


Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК „Битола“, денес работи со сите три блока на мрежа, соопштија од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). 

Од таму додаваат дека залихите на ископан јаглен во РЕК „Битола“ во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.

Како што нагласуват од компанијата, АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, што било констатирано и на денешниот состанок на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК „Битола“.

На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.

Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните, се вели во соопштението на ЕСМ.