ВМРО-ДПМНЕ притиска за гласање за Уставот, власта игнорира


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не реагира на повикот на ВМРО-ДПМНЕ да го  стави на гласање предлогот за уставни измени, повикувајќи се на одговорот што го даде на прес-конференцијата неодамна. Тогаш Џафери изјави дека претседателот на Собранието одлучува за продолжување на седницата „кога ќе се создадат потребните услови“. Наспроти него, поранешниот спикер и екс-пратеник на […]

На Бачев му исклучиле струја, тврди дека ЕВН му се одмаздува зошто сака да ја национализира


Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, тврди дека ЕВН незаконски им ја исклучиле струјата во партиското седиште. Бачев уверува дека партијата нема ниту една неплатена сметка кон ЕВН. „Според нашите сознанија, ние сме исклучени поради нашата партиска определба која постојано ја промовираме во јавноста дека доколку Единствена Македонија биде дел од народната власт после наредните избори, […]

Од денеска, забранети електричните тротинети во Париз


Од петок, 1 септември, Париз  станa првата европска престолнина која воведе забрана за возење електрични скутери на своите улици. На референдумот одржан во април, жителите на Париз ја поддржаа забраната на овие уреди со речиси 90 проценти. Забраната се однесува на изнајмените скутери кои ги нудат неколку компании од 2018 година, иако луѓето исто така […]

Берово цел месец ќе биде без безбедна вода за пиење – ќе им се носи со цистерни


 Во Берово започнува имплементацијата на проектот реконструкција на филтер станица, кој е инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање. Поради градежните зафати кои треба да бидат реализирани, како што информираа од Општината во наредниот период, ќе се направи прекин на третманот на водата, со неможност да се достави безбедна вода за пиење, за […]

Германски научници развија фотоволтаичен филм за хаубата на автомобилите


Автомобилите со фотонапонски покриви кои генерираат струја за батерии, постојат веќе подолго време. Институтот „Фраунхофер“ во Фрајбург сега разви фотоволтаичен филм кој може да се постави на хаубата и се надеваат дека ќе го произведуваат масовно. Новина е што фолијата може да биде во која било боја, па практично е незабележлива, изјави за агенцијата ДПА […]

Упад во Капитол: Седумнаесет години затвор за водачот на „Гордите момчиња“


Водачот на екстремната десничарската група „Гордни момчиња“ (Proud Boys) е осуден на 17 години затвор, една од најголемите казни за упадот на Капитол. Обвинителите велат дека ветеранот на американската армија Џо Бигс (38) бил водач на упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година. Бигс побара од судот милост и изрази жалење за своите постапки. […]

Измените на Законот за државјанство во Србија ризик за безбедноста на ЕУ


Европската комисија (ЕК) е загрижена од најавените измени во Законот за државјанство на Србија, кои би можеле да ги олеснат процедурите со кои странските државјани би можеле да добијат српски пасош, јави дописникот на МИА од Белград. -Комисијата изрази загриженост дека планираните измени на српскиот Закон за државјанство може да претставуваат ризик за јавната политика […]

Во прилепските училишта 130-ина помалку првачиња


 Со 130-ина помалку првачиња почна учебната година во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп. Наместо 800, запишани се 664 првачиња. Објектите се подготвени, но празните столчиња го потврдуваат проблемот со иселувањето на населението. Освен тоа, во основните училишта нема учебници за трето и шестоодделенците. Најизразена ситуација е во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ […]

Штип од денеска има јавен градски превоз


Над 1.500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиски превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски на денешната прес-конференција истакна дека интересот од страна на граѓаните голем, а за тоа зборува и сликата на терен. -Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме […]

Вест Хем со Олимпијакос, Ајакс со Олимпик Марсеј: Познати групите за Лига Европа


Со жрепка попладнево во Монте Карло е одреден составот на групите во второто по ранг европско клупско натпреварување во организација на УЕФА, Лига Европа. Англиски Вест Хем се најде во групата А заедно со грчки Олимпијакос, германски Фрајбург и српскиот претставник ТСЦ, а силни противници се најдоа и во групата Б во која ќе играат […]

Непријатни мириси на делови од телото ни откриваат болести


Дали сте загрижени за мирисот на кој било дел од вашето тело? Еве што може да значи ако ви смрдат ушите, папокот или устата. Додека утринскиот здив е сосема нормален, бидејќи навечер се лачи помалку плунка, некои делови од телото не треба да имаат непријатен мирис. Во спротивно, можно е да се развила инфекција и […]

Спасовски: Командирот на полицијата во Ропотово е во притвор


Не само што ќе извршиме контроли, туку секој кој го прекршува законот ќе одговара кривично, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорајќи на прашањето дали ќе се извршат поголеми контроли на полициски службеници кои користат оружје во приватни цели, како што беше случајот со командирот на полициското одделение Ропотово. Спасовски појасни дека командирот […]

Поранешната финска премиерка се повлече и од местото претседател на партијата


Поранешната финска премиерка Сана Марин, која за малку ги загуби изборите во април, се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократите од левиот центар. Марин го направи тоа со надеж дека ќе го тргне фокусот од нејзиниот личен живот по „турбулентни“ четири години. Марин, која ја објави својата намера да поднесе оставка веднаш по поразот на […]

Во Јапонија најжешко лето досега


Јапонија го забележа летото со највисока просечна температура во последните 125 години, објави Националната метеоролошка агенција, пренесоа британските медиуми. Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година. […]

Волт Дизни ќе се превртува во гроб да ја види новата „Снежана и седумте џуџиња“


Снежана од магичната цртана бајка за деца „Снежана и седумте џуџиња“ повеќе нема да биде бела, туку исончана за да не го навреди добриот морал на инклузивната креолизација. Римејкот на филмот на Волт Дизни, лишен од овој „токсичен концентрат на бела, патријархална, дискриминирачка и зла идеологија“ ќе биде објавен идната година, пишува денешен „Фигаро“. По […]

Скинати столчиња, лепена столарија – Лога ја откри мизеријата на администрацијата од внатрешноста


Денеска, министерот за правда, кренар Лога, го посети подграчното одделение за правда, но она што го виде не му се допадна. Во два поста на социјалните мрежи тој потенцира дека денес, повеќе од кога и да е ни треба Европската унија. – Денеска го посетив подрачното одделение на Министерството за правда во Битола каде беше […]

Пендаровски: Без опструкции од ВМРО-ДПМНЕ можеме да влеземе во ЕУ и пред 2030-та


Претседателот Стево Пендаровски смета дека се реални најавите оти до 2030 година земјава може да влезе во Европската Унија (ЕУ), па дури и порано – без опструкции од опозицијата. „Без внатрешни опструкции какви што гледаме за жал од македонската опозиција, можно е и пред тој рок и за тоа потврда и е госпоѓата министерка за […]

Славистиката денес е незамислива без македонистиката – отворена 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ


Преку Меѓународната научна конференција на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што пет децении се одржува во Охрид се успеа научните вистини и заклучоци за македонистиката да го добијат своето место во славистичкиот свет и воопшто во филолошката и културолошката наука. Славистиката денес е незамислива без македонистиката. Македонскиот […]

Започна одбележувањето на Деновите на европското наследство 2023


Брисел, – Под мотото „Живо наследство“ од денеска, па во наредните три месеци, ќе се одбележуваат Деновите на европското наследство во 2023 година, со организирање на десетици илјади настани во 48 земји. Целта на манифестацијата е да се покаже живописноста, различноста и значењето на културните традиции, знаења и вештини во Европа, преку одржување на културни настани, […]

ИФФК „Браќа Манаки“: Шеjмус Мекгарви добитник на Специјална Златна камера 300


  Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција во Скопје го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември. Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, […]