Од денеска, забранети електричните тротинети во Париз


Од петок, 1 септември, Париз  станa првата европска престолнина која воведе забрана за возење електрични скутери на своите улици.

На референдумот одржан во април, жителите на Париз ја поддржаа забраната на овие уреди со речиси 90 проценти.

Забраната се однесува на изнајмените скутери кои ги нудат неколку компании од 2018 година, иако луѓето исто така возат свои, по улиците на „градот на светлината“.

Само во мала зона во центарот на Париз ќе може да се возат електрични тротинети додека целосно не се укинат.

Зошто електричните скутери се ризични во градот?
Електричните тротинети беа брзо прифатени од луѓето ширум развиените земји, зарадинивното влијание врз намалувањето на загадувањето, но беа критикувани затоа што, според властите, само во јули во Франција загинале десет корисници.