Поранешната финска премиерка се повлече и од местото претседател на партијата


Многу ни значи вашата поддршка за членството на Финска во НАТО, рече премиерката Сана Марин (Фото: Б. Грданоски)

Поранешната финска премиерка Сана Марин, која за малку ги загуби изборите во април, се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократите од левиот центар.

Марин го направи тоа со надеж дека ќе го тргне фокусот од нејзиниот личен живот по „турбулентни“ четири години.

Марин, која ја објави својата намера да поднесе оставка веднаш по поразот на изборите, беше најмладата премиерка на светот кога ја презеде функцијата во 2019 година на 34-годишна возраст, привлекувајќи го светското внимание.

Откако ја водеше земјата низ заклучувањата поради пандемијата на Ковид-19 и економските превирања што ја снајдоа, Марин гласно ја бранеше Украина по руската инвазија минатата година и успешно лобираше да стави крај на воената неврзаност на Финска во корист на членството во НАТО.

Таа денеска за последен пат претседаваше со конференцијата на нејзината партија, а во кусиот говор ги повтори критиките за источниот сосед на Финска.

„Русија и нејзините претставници мора да одговараат за незаконското злосторство агресија, воени злосторства и последиците од војната“, рече Марин.