Ова се државите со највисока стапка на персонален данок на доход


„Смрт и даноци“ е фраза која често му се припишува на американскиот претседател Бенџамин Френклин. „Нашиот нов Устав сега е на сила и ветува стабилност; но во овој свет ништо не може да се каже дека е сигурно, освен смртта и даноците – Френклин, во писмото до Жан-Батист Ле Рој, 1789 година. Иако САД се […]

Мајка и ќерка од Јужна Африка се обиделе без документи да ја поминат грчко-македонската граница


Во понеделникот, во 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“ ја лишиле од слобода Ц.Л.Р.(57) од Јужноафриканска Република, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 211 став 1 од Закон за странци. Имено, таа се обидела со возило, во кое била нејзината 23-годишна ќерка […]

„Мудис“ го намали рејтингот на 10 американски банки


  „Мудис“ во понеделникот го намали рејтингот на неколку мали и средни американски банки и соопшти дека може да го намали рејтингот на некои од најголемите кредитори во земјата, предупредувајќи дека кредитната сила на секторот најверојатно ќе биде тестирана на ризици за финансирање и послаба профитабилност. „Мудис“ го намали рејтингот на 10 банки за еден […]

Почесното „Срце на Сараево“ за шкотската режисерка Лин Ремзи


Сараево – Шкотската режисерка, сценарист и продуцент Лин Ремзи ќе биде наградена со почесното „Ссрце на Сараево“ на 29. Сараево филм фестивал што ќе се одржи од 11 до 18 август, соопштија денеска организаторите. На Ремзи на 16 август во „Летното кино на Кока Кола“ ќе ѝ биде врачена наградата за исклучителен придонес во филмската […]

Црвениот крст на РСМ со донација за настраданото население во Словенија


Црвениот крст на РСМ  издвои средства во висина од 5.000 евра за помош за справување со последиците од катастрофалните поплави и силното невреме што ја зафтија Словенија.  Како што информираат од Црвениот крст, понудени се волонтери и тимови за соодветна интервенција кои во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција. Сите заинтересирани правни […]

Десетина граѓани без документи добија изводи од матичната книга на родени – до крајот на годината и другите 540


Во Управата за водење на матични книги на околу 112 лица без документи денеска им се врши дополнување на документацијата за добивање на извод од матична книга на родени, а на десетина од нив им се врачени изводите. До крајот на годината, сите 540 ќе бидат запишани во матична книга на родени, изјави директорот на […]

Владеjaчките партии нудат манифест за преговори со ЕУ


  СДСМ заедно со партиите од коалицијата иницираат манифест за преговорите со ЕУ, документ преку кој ќе се обединат сите политички партии околу евроинтегративниот процес.  „СДСМ како државотворна партија е предводник на концептот за европска иднина. Во оваа насока СДСМ, заедно со политичките партии од коалицијата дава силна поддршка на манифестот на лидерите на политичките […]

Русија со „двоен допир“ го нападна Покровск, седуммина загинаа


  Два руски проектили „Искандер“ го погодија источниот украински град Покровск на растојание од 30 до 40 минути еден од друг, при што загинаа седум лица, вклучително и еден работник за итни случаи кој реагираше на првиот удар, соопштија властите во вторникот. Бомбардирањето започна во 19 часот и 15 минути по локално време во понеделникот, […]

Ветрот кај Струга носел малолетници во чамец кон Албанија – полицијата ги врати


  Денеска, во 9.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од веслачки клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Албанија.   Според пријавеното, […]

По двата случаи со конго-кримска хеморагична треска, 40 луѓе се под здравствен надзор


Откако минатиот викенд, од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, почина млада жена од штипско, беа издадени решенија за изолација за 29 контакти, а една од хигиеничарките во Клиниката за инфективни болести пројави симптоми, Издадени се решенија за излоација за уште 11 контакти. – Што подразбира здравствениот надзор: контактите на пациентката ќе треба […]

Климатска опсерваторија на ЕУ: Минатиот јули беше најтопол досега


Брисел – Изминатиот јули беше најтоплиот јули забележан на Земјата, потврди денеска Климатската опсерваторија на Европската унија. Обележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, изминатиот месец беше за 0,33 степени Целзиусови повисок од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура на планетата беше 16,63 степени Целзиусови. Месецот беше за 0,72 степени потопол од […]

Натали Портман се разведува по 11 години брак поради афера на сопругот


Лос Анџелес- Натали Портман и сопругот Бенџамин Милепид наводно се разделиле по 11 години брак. Веста доаѓа откако ѕвездата на Thor: Love and Thunder беше видена без нејзиниот венчален прстен на 11-годишнината од бракот на дуото на 4 август, додека присуствуваше на тениски натпревар во Сиднеј, Австралија. „Откако се појавија вестите за неговата афера, тие […]

Тешко повреден малолетник по судар во Гостиварско


Малолетник е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне. – На 07.08.2023 во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со  странски регистарски ознаки, […]

До петок посвежо, од викендот затоплување


Во среда ќе има пониски утрински температури, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во четврток ќе има преодно дестабилизирање и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Минималните утрински температури утре и задутре ќе бидат во интервал од 10 до […]

Се реконструира ООУ „Григор Прличев“ во Железара


Летово, се реконструира  општинското основно училиште „Григор Прличев“ во Железара каде  во тек се градежно – занаетчиски работи. Објектот на ООУ „Григор Прличев“ е изграден во 2015 година и оваа година за прв пат се врши молерисување на сите простории кои се дел од училишната зграда. – Изминатиот период извршивме и комплетна реконструкција на училишната […]

Како хрватските хулигани побегнаа од радарот на грчката полиција


  И покрај тоа што беше забрането движењето на навивачите од Хрватска за натпреварот со АЕК, хулиганите пристигнале во Грција со автомобили и во колона се упатиле кон Атина. Весникот „Катимерини“ пишува дека иако биле следени навивачите успеале да ја измамат полицијата за време на нивното патување. Хрватите во Грција влегле од граничниот премин Какавија […]

Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит


  Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот. Остриот пораст на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст […]

Зошто бираме партнери кои што личат на нашите родители?


Дали некогаш сте обрнале внимание на фактот дека сопрузите и жените често наликуваат еден на друг по изглед? Или, поекстремно, ќерките на строги татковци често се мажат за мажи со истиот проблем, а синовите на цврсти, авторитарни мајки се мажат за слични жени? И ова е далеку од случајност, туку шема потврдена со научни истражувања: […]

Грција во шок по убиството на навивачот од хулиганите на Динамо


  Цела Грција сѐ уште е во шок по ужасните сцени кои се случија пред арената ОПАП во грчката населба Нова Филаделфија. Пред натпреварот од Лигата на шампионите, повеќе од 100 навивачи на Динамо Загреб нападнаа навивачи на ривалот АЕК, а во нападот беше убиен 29-годишен навивач на грчкиот клуб. На местото на нападот навивачите […]