Музика, цвеќиња и солзи: Ирска се прости од Шинед О’Конор


Илјадници фанови излегоа на улиците за да ѝ оддадат почит на починатата ирска музичка легенда Шинед О’Конор во вторникот, во солзи и фрлајќи цвеќиња додека нејзиниот погребен кортеж возеше покрај нејзината стара куќа во Бреј, округот Виклоу, во Ирска. Ковчегот на О’Конор беше покриен со сини, бели и розови цветови. Фотографија на пејачката беше видлива […]

Укринските сили зазеле три упоришта на левиот брег на Днепар


  Украинските вооружени сили ги зајакнуваат активностите во регионот Херсон, градејќи упоришта на реката Днепар за да се подготват за можни офанзивни операции кои заглавија по минирањето на браната на резервоарот Каховка во јуни. Најмалку уште едно упориште беше заземено од Вооружените сили на Украина на левиот брег на Днепар – селото Козачки логори, на […]

Мареј: Рано е да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули


Лондон – Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ не треба да се потцени поради неговиот пораз од светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон 2023 година. – Би било многу неправедно да се отпише Новак Ѓоковиќ. Победата на Алкараз во финалето на Вимблдон може да означи почеток на нова ера. […]

Сменети седуммина одговорни во грчката полиција заради пропуштањето на хрватските хулигани


Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече […]

На две локации во Струмица се поставени пластикомати


Општина Струмица набави интегриран систем за рециклирање кој се состои од безконтактни електронски картички и терминална опрема- уреди за рециклирање на отпад. Преку нив на крајните корисници, кои во нив ќе уфрлат празни пластични шишиња или лименки, автоматски, согласно дефинираниот ценовник на компанијата, ќе им биде доделен соодветен паричен надоместок од 0,5 денари по пластично […]

Телото пронајдено пред 5 месеци кај Демир Капија е на исчезнатиот Илија по кого се трагаше две години


Илија Лазаревиќ, момчето кое исчезна на почетокот на април 2021 година, во време кога имаше 30 години, е починатото лице кое беше пронајдено во бездна кај местото викано Просек, Демир Капија, на 27 март годинава. Веста за „Фокус“ ја потврди неговата мајка Снежана, која информира дека Илија ќе биде погребан утре. Вчера добивме писмо од […]

Избран најдобриот расказ на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“


Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ на авторот под шифра: „Обид на македонистот“ е избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што ја распишува Општина Охрид. Жири-комисијата, составена од проф. д-р Димитар Пандев, м-р Перчо Божиновски, доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, го издои награденото дело поради актуелноста на горливата тема на […]

Царинската управа заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари


  Рекордна заплена на хартии од вредност од 92 милиони долари имале цариниците на Меѓународниот аеродром Скопје. За ова денес на вонредна прес-конференција извести директорот на Царинската управа Стефан Богоев, кој објасни како дошло до откривањето на лицето кое сакало да влезе во земјава со обврзници сместени во неколку папки и во рачна торба.  „Царинските […]

Европа мора да ја предводи обновата на Украина


Кој треба да плати за повоената обнова на Украина? Набргу по инвазијата на Русија, моите коавтори и јас проценивме дека обнова на земјата ќе чини околу 200-500 милијарди евра и повикавме Европа да ги предводи напорите за обновување. По повеќе од 500 дена смрт и уништување, проектираните трошоци веројатно најмалку се удвоиле. Следствено, потребата Европа […]

Печурките станаа тема во изборната кампања во Полска


  Дивите печурки се примамливо задоволство, но опасни ако не знаете што правите. Тоа е точно без разлика дали ги јадете или ги користите за да освоите политички поени, откри Јарослав Качињски. Полската éminence grise (сива еминенција), која ја предводи владејачката партија Право и правда (ПиС) и веројатно е де факто владетел на земјата, во […]

Струмица ангажира лични асистенти на ученици со попреченост за бруто плата од 13.750 денари за 20 работни часа


Општина Струмица објави јавен повик за ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост во рамки на проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“. Според повикот, заинтересираните треба да се евидентирани невработени лица и ќе бидат работно ангажирани за учебната 2023/2024 година со скратено работно време од 20 часови неделно. […]

Ќе се уредува парк кај „Есенинова“ покрај железничката пруга


Град Скопје заедно со општина Кисела Вода ќе го уреди просторот меѓу улицата „Есенинова“ и паркот „Борис Трајковски“ паралелено со железничката пруга во Кисела Вода. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Град Скопје, а на просторот ќе се изградат пешачки површини, паркинг простори, спортски игралишта и ќе бидат засадени дрвја. Град Скопје […]

Вардарскиот регион шампион во користењето на ИПА парите


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.   Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е […]

Како можела да се зарази болничарката од Инфективна со кримско- конгоанска хеморагична треска


Болничарката од Клиниката за инфективни болести во Скопје, која веќе петти ден е болна од кримско-конгоанска хеморагична треска, откако на таа клиника почина млада жена касната од крлеж, можела да се зарази со болеста поради огромното количество излачени телесни течности, слуз и крв, од починатата пациентка. Ова го претпоставува прим.д-р Добринка Науновска Јовановска, која потврди […]

Дрвјата околу палатите во Посдам преживеале 600 години, сега се сушат од климатските промени


Климатските промени предизвикуваат сериозни штети на вековните дрвја во Сансуси – раскошната летна палата изградена во 18 век како пруски одговор на Версај. Обемните терени со уредени градини во Потсдам, југозападно од Берлин, се опкружени со парк исполнет со високи повеќевековни џинови кои сега ги доживуваат негативните ефектите од продолжената суша. Шумскиот менаџер Свен Ханеман […]

Венецискиот филмски фестивал испрати писмо со поддршка за Милчо Манчевски


  Венецискиот филмски фестивал објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски по обвинувањата во Македонија против него за наводна корупција. Писмото објавено на сајтот на Фестивалот е потпишано од директорот Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори. Во писмото, меѓу другото, се вели: „Почитуван г. Манчевски, Исклучително ни е […]

Фон дер Лајен утре ќе отпатува во Словенија за да изрази солидарност по поплавите


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе отпатува за Словенија за да изрази солидарност и поддршка поради поплавите, соопштено е денеска во Брисел. Претседателката на Европската комисија, која е придружувана со европскиот комесар за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, со словенечките власти ќе разговара за поддршката на ЕУ за […]

Битиќи: Потпишани се нови 289 договори за финансиска поддршка на компании, планираат инвестиции од 366 милиони евра


За 2023 година пристигнаа рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, додека одобрени или потпишани се нови 289 договори по Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ), со компании кои предвидуваат инвестиции од 366 милиони евра и ќе се креираат нови 4.439 работни места, информира вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Поддржаните компании од новиот […]

Македонската репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскет 2025


Македонската кошаркарска репрезентација за место на Европското првенство во 2025 година ќе се бори со Литванија, Естонија и Полска во Х-групата од квалификациите кои ќе почнат во февруари, наредната година. Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е еден од ко-домаќините на наредното Европско првенство, и има обезбедено директен пласман на […]