Тешко повреден малолетник по судар во Гостиварско


Фото: Б. Грданоски

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне.

– На 07.08.2023 во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со  странски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(50) од Сенокос. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, информираа од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.