Поради дефект без вода дел од корисниците во Гази Баба


Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување. 

Раперот кој и пукаше во стапалата на Меган Ди Сталион осуден на 10 години затвор


Лос Анџелес– Канадскиот рапер Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Питерсон, вчера беше осуден на 10 години затвор, по повеќе од седум месеци од пресудата за пукање во колешката – музичка уметница Меган Ди Сталион. Судијата Дејвид Херифорд од Врховниот суд во Лос Анџелес му ја изрече казната на 30-годишниот рапер. Инаку, лани на […]

Банките во Хрватска не можат веќе да наплатуваат провизија за предвремено отплатени кредити


Уставниот суд на Хрватска пресуди дека т.н излезни такси за предвремена отплата на банкарски кредити се незаконски. Имено, банките во договорот за заем имаат одредба дека заемопримачот може целосно или делумно да го отплати кредитот пред крајниот рок и дека е должен да плати провизија за предвремена отплата на кредитот. Висината на надоместокот беше утврдена […]

Вработена во хотел си ја побарала последната плата пред да даде отказ – сопственикот ја нападнал


Бројни здруженија од Мостар, Коњиќ, Јабланица и Сараево за денеска во 18 часот најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“ која беше физички нападната од сопственикот на хотелот Амир Џафиќ, но и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на […]

Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба, приведен скопјанец


 Во вторникот, околу 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А. (29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истражување: Колку трошат бугарските граѓани во Берово, Пехчево и Делчево


Граѓаните од Бугарија кои што доаѓаат во пограничните македонски градови Берово, Пехчево и Делчево, во просек трошат околу 253 евра месечно по посетител, но овој износ би можел да се зголеми за повеќе од една петтина, доколку се подобрат условите на патиштата во овој микрорегион. Ова го покажува истражувањето на Центарот за економски анализи кое […]

Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици што го загрозува здравјето на луѓето


Загадувањето на воздухот ја зголемува отпорноста на антибиотици, што претставува значајна закана за здравјето на луѓето ширум светот, сугерира глобална студија. Анализата, користејќи податоци од повеќе од 100 земји кои опфаќаат речиси две децении, покажува дека зголеменото загадување на воздухот е поврзано со зголемената отпорност на антибиотици низ секоја земја и континент. Тоа, исто така, […]

Како вештачката интелигенција ќе го промени новинарството?


На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“. Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за […]

Министерот Бочварски стана татко


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски (38) стана татко. Тој убавата вест ја сподели на друштвените мрежи. „Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за […]

Боксер од САД си го промени името во чест на Владимир Путин


Лос Анџелес – Поранешниот претендент за светска титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Американецот Кевин Кингпин Џонсон го промени своето презиме во Владимирович, во чест на рускиот претседател Владимир Путин. – Во чест до претседателот Владимир Путин, решив да го сменам моето име. Сега ќе ме викаат Кевин Владимирович – во чест на Владимир Путин. […]

Јапонија ја одбележа 78-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки


Нагасаки – Јапонија им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба смело да го отфрлат,  кое, како што велат, им служи за нуклеарно одвраќање. Оваа порака градоначалникот […]

Дуа Липа на суд – дали „Levitating“ е плагијат или не


Њујорк – Федералниот суд во њујоршката општина Менхетен одлучи дека британската поп-ѕвезда Дуа Липа ќе се соочи со тужба и обвинение дека нејзината песна „Levitating“ од 2021 година е „премногу (суштински) слична“ со диско-хит од 1979 година. Окружната судијка Кетрин Полк Фаила нагласи дека текстописците Л. Расел Браун и Сенди Линзер би можеле да се обидат […]

Бурата Ханс продолжува да предизвикува сериозни штети во северна Европа


Осло – Норвешките власти ги предупредија жителите да се подготват за „екстремно обилни врнежи“ со оглед на тоа дека бурата Ханс продолжува да беснее низ северна Европа. Невремето предизвика одложени летови и поплавени патишта во Норвешка, Данска, Шведска, Литванија, Финска, Естонија и Летонија. Илјадници домаќинства вчера останаа без струја. Норвешката управа за водни ресурси и енергија […]

Врховниот суд на САД ја прифати забраната на Бајден за домашна конструкција на пиштоли


Вашингтон- Врховниот суд на САД синоќа ја подржа одложената регулатива на претседателот Џо Бајден за забрана за домашна конструкција на пиштоли што се прават од делови купени онлјан.  Oвие таканаречени „пиштоли привиденија“ (ghost guns) е многу тешко да се следат или откријат.  Гласањето беше со пет гласа „за“ наспроти четири „против“, со судиите Џон Џ. […]

Внуката на Елвис Присли откри дека има ќерка од сурогат мајка . Еве зошто – и што значи тоа


Актерката Рајли Киу и нејзиниот сопруг Бен Смит-Петерсен станаа родители на девојче во август 2022 година, но веста не беше објавена дури минатиот јануари, за време на комеморацијата за нејзината мајка, Лиза Мари Присли. Откако Смит-Петерсен – кој се ожени за Киу во 2015 година – ја спомна нивната ќерка во трогателен говор што го […]

Без струја дел од Ѓорче Петров , утре дел од Кисела Вода и Центар


ЕВН известува дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Ѓорче Петров“, поточно објектите во околината на поранешната зграда на Општина Ѓорче Петров. ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар. Од 08:30 […]

Без вода кули Расадник и дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од кулите Расадник во Кисела Вода и неколку улици во Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на ул.1511/12б, во кули Расадник, Кисела Вода. Поради дефект на приклучна цевка и дефект во шахта на […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер


Утрото посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. UV=8 Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 9 август 2023 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 8 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Долгот на кредитните картички на Американците достигна рекордни 1.000 милијарди долари


Нивото на долгот на Американците на кредитни картички штотуку постигна нова, но непожелна пресвртница: за прв пат досега, надмина 1 билион долари (1.000 милијарди), според податоците објавени во вторникот од Банката на федерални резерви на Њујорк. Во текот на вториот квартал, салдото на кредитните картички се зголеми за 45 милијарди долари, или за речиси 4,6 […]