Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба, приведен скопјанец


 Во вторникот, околу 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А. (29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба.

По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.