Кои аеродроми во регионот имаат најмногу летови


Пресметувајќи го периодот од последниот ден на јули до шести август, аеродромот во Белград имал најмногу летови во просек – 127,6 дневно. Следен е Сплит, на кој очигледно му оди многу добро оваа сезона – нивниот просек е 84,1. Загреб е трет (62,1), Дубровник е петти (53,4), а Приштина е шеста (45,6). На аеродромот во […]

Битиќи: Од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра


Партнерскиот и инклузивниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати. Преку Законост за финансиска поддршка на инвестиции, Владата, од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околу 57 милиони евра поддржа 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра. Довербата на деловните субјекти во институциите и […]

Обезбеден е лекот за боничарката која се зарази со конго-кримска хеморагична треска – засега не ѝ треба


Обезбеден е лек за конго-кримска хеморагична треска, а болничарката на Инфективната клиника е во стабилна состојба, потврди директорката на клиниката, Милена Стевановиќ. – Веднаш го набавивме овој лек. Многу ретко се наоѓа, го има само во земји во кои има голем број на разболени пациенти. Но, во соработка со Светската здравствена организација и Лекари без […]

Инфлацијата во Грција 2,5 отсто, остануваат високи цените на прехранбените продукти


Годишната инфлација во Грција во јули била 2,5 отсто, наспроти 1,8 отсто проценти во јуни, а цените на прехранбените производи остануваат високи, за 12,3 отсто зголемени споредбено со една година претходно, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика,  јави дописничката на МИА од Атина.  Ниската инфлација главно се должи на падот на цените на […]

Фридман: Македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои


Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската […]

Екипите на ЕВН почнаа со работа во Слупчане


Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе […]

Иван Антоновски е годишниот лауреат на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“


Иван Антоновски е автор на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ прогласен за најдобар на годинешниот конкурс што Општина Охрид го распишува во чест на делото на охридскиот и македонски романсиер, Живко Чинго. Антоновски е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет […]

Што, всушност, заплени Царината: Обврзниците не гласеле на лицето што ги носело


  Заплената на 184 обврзници по 500 илјади долари секоја, или во вкупен износ од фантастични 92 милиони долари, што вчера го обелодени директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, побуди голем интерес во јавноста, но отвори и низа прашања кај граѓаните и кај професионалците за хартии од вредност. Богоев во интервју за ТВ21 вчера изјави […]

Десничарските и евроскептични партии ќе се засилат со над 20 места во Европскиот парламент


БРИСЕЛ – Десничарските и евроскептичните партии ќе се зголемат на следните европски избори на сметка на центристичките партии, покажува ексклузивната анализа на анкетите на Одделот за истражување и анализа на Политико. Доколку изборите се одржат денеска, десничарските европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) би станале трета по големина група во Европскиот парламент — врзана со центристичката […]

Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти


Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој ја крена јавноста на нозе, сега добива трета верзија која предвидува многу зеленило и намалување на бројот на станбени површини за 90 осто. Општина Аеродром ја подготви третата верзија на планот, целосно усогласена и направена согласно барањата на граѓаните и за истата во текот на следната […]

Русија продолжува да користи хемиско оружје во Украина


Руските сили продолжуваат да користат хемиско оружје во Украина, прекршувајќи ги меѓународните конвенции, изјави Олександр Тарнавски, командант на воениот сектор Таврија. Според Тарнавски, руските трупи истрелале два артилериски баражи со муниција што содржела хемиска супстанција, веројатно хлоропикрин, на 6 август. Изложеноста на пареата на хлоропирин предизвикува силна иритација на кожата, очите и, доколку се вдишат, […]

Вандали ги уништиле клупите и летниковците на Водно


Викендов, на Средно Водно, биле уништени дел од клупите, масите, летниковците, дрвените мостови и друго.   – По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк – шумата.   Од таму […]

И Бугарија ќе има стратешки дијалог со САД, на 25 септември


  САД отвораат нова патека за комуникација со официјална Софија по изборот на коалициската влада на чело со Николај Денков и Марија Габриел. Државниот секретар Ентони Блинкен вчера телефонски разговарал со Габриел и договориле САД и Бугарија да одржат стратешки дијалог на 25 септември. Тоа ќе биде втора сесија на стратешкиот дијалог. На средбата треба […]

Македонските и словенечките стопанственици со апел: Донирајте за Словенија!


Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. – Многупати во минатото нашите две […]

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа


Од Министерството за труд и социјална политика ги демантираа и ги отфрлија тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките. – Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се […]

Вечери на шведски документарни филмови во Кинотека


За љубителите на филмската уметност амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Северна Македонија во периодот од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови. На репертоарот ќе бидат „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг, на 10ти август, потоа „Историја – конци за Сами“ на Томас Џексон на 11ти август, „Децата на непријателот “ на  Горки Гласер – Милер на 12ти август, „Хор – една […]

Пензионерите излегоа на протест за поголеми пензии


Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии, побараа на денешниот протест пензионерите. На протестот, кој се одржа во паркот „Жена – борец“, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест. -Да се покачи минималната пензија, задолжително и што побрзо. Висината на минималната пензија […]

Утре нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а температурата ќе се движи од 9 до 29 степени. Потоа, како што информира УХМР, следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Жена-пешак прегазена во скопско, возачот избегал


Жена-пешак смртно настрада во близина на Раштански пат, а возачот избегал.  – На 08.08.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. […]

Австриската министерка и партнерка за танц на Путин се преселила во Русија


  Поранешната австриски министерка за надворешни работи и танцувачки партнер на Путин, Карин Кнајсл, се пресели во Русија, пишуваат руски медиуми. Кнајсл, на чија свадба танцуваше Владимир Путин, се населила во селото Петрушово во Рјазанската област. Кнајсл беше шеф на австриската дипломатија од декември 2017 до јуни 2019. Таа, меѓу другото, е позната и по […]