Жена-пешак прегазена во скопско, возачот избегал


Фото: Б. Грданоски

Жена-пешак смртно настрада во близина на Раштански пат, а возачот избегал. 

– На 08.08.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.