Германскиот сектор за недвижности е во криза


Германија долго време има корист од ерата на евтини пари што поттикна децениски бум на недвижностите, но секторот сега се соочува со голем пресврт. Во најновите знаци на стрес во секторот, најголемата германска групација за недвижности „Vonovia“ известува за загуби и отпишувања од повеќе милијарди евра, а растот на работните места за градежните работници е […]

Цената на гасот нагло порасна


Цената на природниот гас на холандската берза ТТФ денеска ненадејно скокна за 30 отсто на над 40 евра за мегават-час, покажуваат податоците на оваа берза. Според меѓународната берза ИЦЕ, цената на септемвриските фјучерси на европскиот гас денеска во 13 часот и 32 минути изнесуваше 43,490 евра за мегават-час, пренесе Танјуг. Ова е највисоката забележана цена […]

Фејсбук месинџер во септември ја исклучува СМС поддршката


Во 2016 година Facebook ја воведе опцијата за праќање и примање на SMS пораки преку апликацијата Facebook Messenger, но оваа опција наскоро ќе биде укината. Според информациите достапни на Help Centre страницата на Facebook, корисниците кои го користат Messenger како главна апликација за SMS пораки нема да можат да праќаат и да примаат пораки откако […]

Климатските промени го менуваат туризмот: ТУИ размислува за продолжување на сезоната и поладни дестинации


Сезоната на патувања би можела да започне порано на пролет и да заврши на есен, бидејќи климатските промени влијаат на навиките на туристите, соопшти најголемиот германски тур-оператор ТУИ. Главниот извршен директор на ТУИ, Себастијан Ебел, даде свои размислувања за идната насока на компанијата во време на летото обележано со екстремни временски услови низ јужна Европа […]

Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет


Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“. – Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување […]

Општина Гази Баба донира финансиска помош за Словенија


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во Фејсбук објава соопшти дека денеска имал средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Словенија во земјава, каде што истакнал дека Општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе да помогнат […]

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија


Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти. Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка […]

Нови варијанти на коронавирусот се шират во САД и Велика Британија


Светската здравствена организација (СЗО) во моментов следи неколку варијанти на корона вирусот, вклучително и новооткриената варијанта ЕГ5, која се шири во САД и Велика Британија, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој предупреди дека „и понатаму постои ризик од појава на поопасна варијанта што може да предизвика ненадејно зголемување на случаите на […]

Починато лице пронајдено во хотел во Скопје


Денеска во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција. – Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, инфомира МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба […]

Во пожарот во француското одморалиште за лица со посебни потреби загинаа 11 лица


Единаесет лица се пронајдени под урнатините во одморалиштето за возрасни лица со посебни потреби во францускиот град Винтзенхајм, откако претходно во него избувна пожар, изјави попладнево Натали Килвасер, заменик јавен обвинител на блискиот град Колмар, пренесе ДПА. Претходно, 10 лица со инвалидитет и негувател се водеа како исчезнати по пожарот во оддалечениот кварт Винтценхајм. Не […]

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави


Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа. Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила. Полицијата претходно размислуваше […]

Наградата „Ана Линд“ доделена на белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја


Стокхолм – Наградата „Ана Линд“, создадена во спомен на поранешната шефица на шведската дипломатија, Ана Линд, денеска и беше доделена на лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, за нејзината борба за демократија, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на соопштението на Фондацијата „Ана Линд“. Наградата е во вредност од 100.000 шведски круни (8.537 евра) и се […]

По одморите, Судскиот совет ќе го испита случајот со велешанецот чија казна беше преполовена од Апелација


Како резултат на големата разлика во изречената казна, членовите на Судскиот совет најавија дека по враќањето од годишните одмори ќе го испитаат случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18 годишната затворска казна за возачот кој под дејство на алкохол, управувајќи со возило усмрти малолетно лице на пешачки премин е намалена […]

„Скопје тату шоу“ ќе ги собере на едно место ентузијастите за тетоважи и уметниците


он крајот на месецов, Скопје ќе биде домаќин на „Скопје тату шоу“ (Skopje Tattoo Show 2023), настан кој ќе ги собере ентузијастите за тетоважи, уметниците и љубопитните умови и на кој ќе бидат прославени уметноста, културата и самоизразувањето преку тетовирањето. На конвенцијата за тетовирање ќе гостуваат познати домашни и странски тату артисти, а посетителите ќе […]

Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје


Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем – БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој […]

Почина Сиксто Родригез, легендарниот „Шугар мен“ од документарецот кој доби Оскар


Легендарниот музичар Сиксто Родригез почина на 81-годишна возраст. Сиксто Дијаз Родригез, како што беше неговото полно име, се здоби со меѓународна слава откако беше тема на документарниот филм „Searching for Sugar Man“, награден со Оскар, а почина во вторникот вечерта. Родригез неодамна беше во лоша здравствена состојба, но не е познато каде починал. Сепак, неговата […]

Приведени три лица, сакале да летаат од Охрид со фалсификувани британски пасоши


На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите државјани на Република Албанија, оти при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи. „Трите лица биле предадени на одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна […]

Ќучук предупредува: Македонија ќе заостане зад Албанија


Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ). Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови. „Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за […]

Поскапуваат патарините во Грција


Концесионерите на главните грчки автопати најавија значително зголемување на патарините кои ќе стапат на сила од следниот месец, што предизвика остра реакција од грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, објавија грчките медиуми. Во соопштението на министерството, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 […]

Руската рубља падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година


Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година. Според податоците на Московската берза, денеска, за прв пат од 25 март минатата година, еврото во еден момент вредеше повеќе од 107 рубљи, пренесува „Комерсант“. Во 9 часот и 38 минути вредноста на еврото се зголеми за 0,37 отсто на […]