Нови варијанти на коронавирусот се шират во САД и Велика Британија


Светската здравствена организација (СЗО) во моментов следи неколку варијанти на корона вирусот, вклучително и новооткриената варијанта ЕГ5, која се шири во САД и Велика Британија, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој предупреди дека „и понатаму постои ризик од појава на поопасна варијанта што може да предизвика ненадејно зголемување на случаите на инфекција и смрт“.

Тој додаде дека агенцијата денеска ќе објави извештај за проценка на ризикот, пренесува Ројтерс.

Дополнително, ЗСО денеска издаде збир на постојани препораки за Ковид-19, во кои ги повика земјите да продолжат да известуваат за податоците за оваа инфекција, пред се за смртноста, и да продолжат да обезбедуваат услуги за вакцинација.