Боно-изненадување на Сараево филм фестивал


Сараево- Двајца членови на Ју-Ту, Боно Вокс и Д Еџ беа изненадување на вечерта, на синоќешното свечено отворање на 29. Сараевски филмски фестивал. Двајцата легендарни музичари дојдоа заедно со нивните сопруги, како и моделката и активистка Кристи Тарлингтон и новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур. Фестивалот отвори со документарецот „Бакни ја иднината“ на Ненад Чичин-Шаин, кој […]

Шолц одбива каква било соработка со екстремно десничарската АфД


Германскиот канцелар Олаф Шолц, во интервју за регионалниот весник „Тирингер Алгемајне“, отфрли каква било форма на соработка, било на локално, државно или национално ниво, со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), јави ДПА. -Не може и не смее да има никаква соработка со оваа партија, изјави Шолц за весникот, во написот што беше објавен […]

САД и Кина двојно ќе го зголемат бројот на патнички летови меѓу двете земји


САД и Кина имаат намера да дозволат двојно поголем број патнички летови отколку што во моментов им е дозволено на авиокомпаниите што работат на линиите меѓу двете земји, јави администрацијата на Бајден, што се толкува како редок знак за соработка меѓу две најголеми светска економија. Британските медиуми пренесуваат дека американското Министерство за транспорт (УСДОТ) соопшти […]

Русија испраќа воени бродови во регионот на Арктикот


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу направи проверка на оддалечениот арктички гарнизон на Северната флота, соопшти денеска руското министерство за одбрана, додека дел од воените бродови се испратени во Арктичкиот океан за да ги извршуваат своите задачи. Шојгу ја прегледа воената инфраструктура и „подготвеноста да дејствува за заштита и одбрана на клучните објекти“, соопшти Министерството […]

Во шокантен пресврт, Кејн потпиша за Баерн


Најлудата приказна од преодниот рок заврши рано утринава со среќен крај за Баерн. Хари Кејн (30), најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, чиј капитен е, потпиша во 2 часот по полноќ за Баерн.  Ваквиот расплет со ентузијазам го следеа многу навивачи на најголемиот германски клуб, кои цел ден и ноќ […]

Руското МО тврди дека ноќеска соборило 20 украински дронови над Крим


Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека спречило обид за напад со околу 20 украински беспилотни летала, што биле насочени кон цели на полуостровот Крим. Рускиот систем за противвоздушна одбрана успеал да собори вкупно 14 украински беспилотни летала, а уште шест биле попречени во мисијата со електронско наведување, соопшти руското МО и додава дека […]

Основачот на пропадната крипто берза FTX, Сем Бенкмен-Фрид, повторно во затвор


Американскиот федерален судија во Њујорк Луис Каплан во петокот го врати во затвор основачот на неуспешната берза за криптовалути FTX, Сем Бенкмен-Фрид, на барање на обвинителството под обвинение за манипулација со сведоци. Банкмен-Фрид беше пуштен во домашен притвор минатата година, откако плати кауција од 250 милиони долари. Тој беше ставен во домашен притвор во домот […]

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез се чека околу 30-40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ […]

Шок во Торонто: Елиминиран Алкараз 


Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз имаше многу слаба недела во Торонто на Роџерс купот. На претходниот меч се извлече од Хуберт Хуркач, но овој беше елиминиран од американскиот тенисер Томи Пол. Карлос Алкараз го заврши учеството на Мастерсот во Торонто и тоа значи дека тенискиот свет ќе добие нов Мастерс шампион. Подобар од Алкараз беше Томи […]

Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи


Групно набљудување на метеорски дожд ќе се реализира вечер во Неготино, со помош на телескопи обезбедени од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита”. Претседателот на здружението, Сашко Тодоров во изјава за МИА вели дека станува збор за активност во рамки на „Неготинското културно лето”, што се реализира со финансиска поддршка од Општината. Несекојдневниот настан […]

Дејвид Вајс стана специјален обвинител во постапката против синот на американскиот претседател Хантер Бајден


Американскиот обвинител Дејвид Вајс, кој го истражува случајот на Хантер Бајден, денеска доби статус на специјален обвинител, откако преговорите меѓу американското Министерство за правда и синот на американскиот претседател не успеаја за признавање на вината, пренесе Си-Ен-Ен. Со ова веќе е сигурно дека ќе има судење на Хантер Бајден, а како што соопшти денеска државниот […]

Шестмина Колумбијци осомничени за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат Валависенио


Еквадор на најмалку 30 дена ќе притвори шестмина Колумбијци додека во земјата се истражува нивната вмешаност во убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој го посвети својот живот на борбата против корупцијата и криминалот, јави синоќа Канцеларијата на јавниот обвинител. Вчера, меѓу членовите на потесното семејство, беше погребан Вилависенсио, додека јавната комеморација се одржа во […]

Да се организираме или да се бориме? По три години во егзил, белоруската опозиција е поделена по кој пат да тргне


Павел Мариуски (33) беше мировен активист, кој никогаш не носел оружје кога побегна од својата родна Белорусија по задушувањето на протестите, што следеа по изборите пред три години, против претседателот Александар Лукашенко. Минатата година, кога Русија ја нападна Украина, тој се почувствува повикан да се бори и се приклучи на белоруската волонтерска единица, која се […]

Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени


Со втората група од 30 уапсени навивачи денеска продолжува маратонскиот процес на сослушување на уапсените по инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, додека пак вчера, на сите хулигани од првата група, исто така 30 лица, им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од […]

Инфлација: Семејствата во САД трошат 709 долари повеќе месечно отколку пред две години


Инфлацијата во САД имаше силно влијание врз семејните буџети. Типичното американско домаќинство потрошило 709 долари повеќе во јули отколку пред две години за да ги купи истите стоки и услуги, според „Мудис Аналитика“. Оваа бројка го нагласува кумулативното влијание што високата инфлација го имаше врз потрошувачките финансии – иако растот на цените значително се олади во […]

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал


Во Собранието се подготвува Нацрт програма за работата на Собранискиот канал, преку којшто граѓаните ќе се информираат за работата на пратениците, но и за функционирањето на Парламентот. Новото студио од каде што ќе се емитува програмата е опремено, а паралелно со Нацрт програмата, се работи и на доекипирање на Собранискиот канал со новинари и друг […]

Во Прилеп по 16-ти пат ќе се одржи поетската манифестација „Поетско Маркукуле“


Во Прилеп денеска ќе се одржи 16. издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“ со учество на поети од 14 земји од земјава, регионот и пошироко. На годинашната манифестација пријавени се 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби што се дел од зборникот „Петско Маркукуле 2023“. На 268-те страници од зборникот објавени се 220 […]

Џејмс Веб телескопот сними слика од најдалечната ѕвезда некогаш видена


Астрономите го искористија вселенскиот телескоп Џејмс Веб за да ја набљудуваат Ерендел (Earendel), најоддалечената ѕвезда некогаш откриена. Ерендел е толку далечна што ѕвездената светлина што ја виде телескопот Веб беше емитирана во првите милијарда години од универзумот. Се проценува дека универзумот е стар околу 13,8 милијарди години. Претходните проценки сугерираат дека ѕвездата е оддалечена 12,9 […]

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“


Спроти отворањето на 35. издание на „Поетската ноќ во Велестово“, денеска во 13 часот во Велестово свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“. Како што информира програмскиот директор на манифестацијата, Јулијана Величковска, станува збор за дело на уметникот Никола Пијанманов кој е инспириран од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата […]

Кино на отворено и музичка програма во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на младите


По повод одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ) и Универзалната сала, вечерва организираат бесплатен културно – забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк. Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следува […]