Руското МО тврди дека ноќеска соборило 20 украински дронови над Крим


Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека спречило обид за напад со околу 20 украински беспилотни летала, што биле насочени кон цели на полуостровот Крим.

Рускиот систем за противвоздушна одбрана успеал да собори вкупно 14 украински беспилотни летала, а уште шест биле попречени во мисијата со електронско наведување, соопшти руското МО и додава дека во нападот нема жртви или материјална штета.

Руската војска вчера соопшти дека уништила украинско беспилотно летало во западниот дел на Москва, во екот на зголемувањето на ваквите напади врз руската престолнина.