Ретрограден Уран во Бик од 28 август до 27 јануари 2024: Дознајте какви промени го очекуваат вашиот хороскопски знак


Уран го започнa својот ретрограден тек на 28 август, кој ќе трае до 27 јануари 2024 година – што му носи ова на вашиот хороскопски знак? Плутон, Нептун, Сатурн и Венера влегоа во нивните ретроградни циклуси во последниве недели, а на забавата се приклучи и озлогласената жива. Спремен да ја подигне таа ретроградна енергија на […]

Рама: Кој кого треба да нападне за да влеземе во ЕУ брзо како Украина?


Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, го нарече премиерот Еди Рама „дрзок, срамен  и непростлив“ поради говорот  што го одржа на Стратешкиот форум во Блед. Рама, според Бериша,  во својот говор ја споредил Бугарија со Русија, но не ја пропуштил ниту Хрватска, дефинирајќи ги двете држави како агресори. „Бугарија лесно може да ја […]

Пендаровски во прва официјална посета на Чешка


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Прага со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, со што почна неговата официјална посета на Чешка. Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, остварил тет-а-тет средба со претседателот Павел, на која биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави. Потоа се одржал и […]

Шефицата на канадската дипломатија Мелани Жоли утре во Скопје


Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците […]

Од утре пониски утрински температури


УХМР соопшти дека од утре следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Минималната температура утре ќе биде девет, а максималната 33 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе биде значително облачно со слаб до умерен, а во југозападните […]

Шпанската фудбалска федерација побара оставка од Рубиалес


 Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), составена од 19 регионални сојузи, побара синоќа „моментална оставка‘ од претседателот Луис Рубиалес (46) бидејќи ја бакна в уста фудбалерката Џенифер Ермосо (33) за време на доделувањето на златните медали на неодамнешното Светско првенство. Претседателите на регионалните сојузи, вклучувајќи ги Мадрид, Каталонија, Баскија и Андалузија, по состанокот објавија соопштение во кое […]

Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија


Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија Тетово, 29 август 2023 (МИА) – Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба. Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и […]

„Леди Магбет“ на Рисимкин на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона


Вечерва во рамки на годинешното издание на Верона Шекспир Фринге фестивалот, во Италија, во 21 часот, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје Танцовиот Театар. Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизајнот на сцената и светло на Матеа […]

Тамара Котевска ќе одржи говор за моќта на филмот во Венеција


Филмската режисерка Тамара Котевска е првиот автор од Македонија која е поканета на ексклузивен настан во рамките на Фестивалот во Венеција, да одржи свечен говор за филмови, кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена, каде и официјално ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм „The Walk“. Ексклузивниот настан LIGHTS CAMERA […]

Кремљ одлучува кој ќе биде конкурент на Путин на претседателските избори во 2024 година


Кремљ одлучи за „конкурентите“ на Владимир Путин на претседателските избори во 2024 годинам, пишува руска „Медуза“. Еден од главните критериуми за нивниот избор била возраста.  Според изворите на „Медуза“ властите веруваат дека присуството на политичари помлади од 50 години меѓу пријавените кандидати може да ги натера Русите да мислат дека 70-годишниот Путин „веќе не е […]

На карневалот во Нотинг Хил осум лица прободени со нож и стотици уапсени


Осум лица се прободени со нож, а стотици се уапсени по немирите што избија на карневалот во Нотинг Хил, западно од Лондон. Во критична состојба е 29-годишно момче, кое синоќа по 21 часот беше прободено со нож, 19-годишно момче е во тешка, но стабилна состојба, додека останатите шест лица се здобиле со повреди кои не […]

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?


Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух? – прашува ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека 1.8 милиони евра од државен тендер ќе завршат на контото на компанија на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји […]

Државниот министер во грчката Влада најави набавка на дронови за заштита од шумски пожари


Користење на најсовремени технологии во заштитата од шумските пожари преку набавка на над 100 дронови за следната година, најави државниот министер во грчката Влада Акис Скерцос во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.  Скерцос објасни дека во националната програма за цивилна заштита вклучено е и купување дронови за воздушно набљудување, […]

Индија објави фотографии и видеа од јужниот пол на Месечината


Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) објави фотографии и снимки од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако лунарниот модул Chandrayaan-3 успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината минатата недела. Објавата вклучува фотографии и снимки од излегувањето на роверот Прагјан, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и […]

Од Ема Томпсон до Кендис Берген – холивудската елита на дожд во Ровињ


Ровињ – Промената на времето ја натера холивудската екипа да престојува на јахта вредна 200 милиони долари. Но, се чини дека тоа не ги спречи добро да се забавуваат. Барем судејќи по објавата на Инстаграм на модната дизајнерка Дајан фон Фирстенберг, која во понеделникот објави дождлива галерија од Ровињ. Заедно со познатата дизајнерка, на јахтата […]

СДСМ: Граѓаните се уште плаќаат милионски оштети за криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ


Скапи и долгорочни се штетите што ДПМНЕ ги стори со неколкугодишното криминално владеење на Град Скопје, тврди СДСМ со соопштение. -Неколку години по падот на режимот, граѓаните и државата се уште плаќаат за криминалните зделки на ДПМНЕ. За проектот „Шпански скали“, како дел од мега криминалниот проект Скопје 2014, државата се наоѓа пред меѓунардона арбитража […]

Запленувањето на руските јахти скапо ќе ја чини Црна Гора


Подгорица– Замрзнувањето на движните и недвижните средства на руските граѓани може да доведе до големи проблеми за земјата во која се наоѓаат овие средства, особено во Европа. Најживописен пример е запленувањето на јахтите на богатите Руси, поради што земјите каде што беа закотвени се во неволја. Овие луксузни бродови бараат многу грижа, што доаѓа со […]

Како ЕУ ги помага земјоделците во своите земји членки?


Европската комисијата н 26 јуни предложи да се мобилизираат дополнителни средства од ЕУ за земјоделците од земјите членки погодени од климатските промени, но и високите трошоци за производство и различни пазарни и трговски прашања. Новиот пакет за поддршка изнесув 330 милиони евра за 22 земји-членки, пишува „Бриф“ во денешната анализа.  Според анализата,  земјите-членки истиот тој […]

На Летната школа на УКИМ промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“


Во рамки на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) вечерва од 19 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе биде промовиран хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик […]

Кај кумановец најден арсенал оружје


Во неделата Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” […]