ВМРО-ДПМНЕ прашува: Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух?


Фото: Б. Грданоски

Уште колку внуци на функционерите на ДУИ се со претприемачки дух? – прашува ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека 1.8 милиони евра од државен тендер ќе завршат на контото на компанија на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ.

-МНР и Бујар Османи даваат тендер на фирмата Еуровиа ДООЕЛ, која притоа е и најголемиот донатор на ДУИ. Истата фирма која има земено два милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза“, а вистинска експанзија на добиени тендери од државни институции доживува од 2017-та година откако СДС и ДУИ се на власт. МНР дава 1.8 милиони евра за столчиња и опрема, а притоа никој не знае каде ќе заврши таа опрема откако ќе заврши Самитот на шефови на земјите членки на ОБСЕ.ѝ

ДУИзација и се случува на Македонија… Постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер. Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата што ја дала оваа компанија, побара ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи дали ова значи дека  парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, што  значи дека ДУИ се финансира од државни пари?

Многу набрзо следува одговорност!