Со поетско читање во МСУ официјално завршија 62. „Струшки вечери на поезијата“


Дваесетина поети од земјава и од странство синоќа имаа поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје, со што и официјално заврши 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Настанот наречен Меѓународен поетски митинг го проследија повеќе љубители на пишаниот збор. Фестивалот, кој траеше од 24 до 28 август, свечено беше […]

Општина Центар бара лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби


Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година. Имено, заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат ангажирани треба да ги исполнуваат следните услови: […]

Маричиќ: За првпат имаме рок за проширување, да не се пропушта оваа шанса


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ порача дека не треба да ја пропуштаме оваа шанса и да се блокираме самите себе чекајќи подобри времиња, во момент кога се праќа недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ. – Ова е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат кон подобро, поповолно кон нас и мислам дека што […]

Сара Харалсон и Барни Есвил – кантри музика од светски изведувачи во Јавна соба


Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија. Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Во Скопје ќе се […]

Скендер Реџепи ќе формира политичка партија


Поранешниот пратеник од Алтернатива, а сега независен, Скендер Реџепи Зејд ќе формира политичка партија.Во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива каде не дале можност за промена во партијата, како и дека не се гледа себеси како дел од некоја друга партија која во […]

Сина супермесечина в среда, следната е во мај 2026 година


На небото в среда ќе може да се види тн. сина супермесечина. Оваа појава се случува кога целиот диск на Месечината е осветлен и кога таа е најблиску до Земјата, во исто време. Тоа, сепак, не значи дека нашиот природен сателит ќе биде син по боја, туку тој назив го означува второто појавување на полна […]

Османи на работен појадок со Фајон, заедно со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан


​На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министрите за надворешни работи на Косово, Доника Грвала Шварц, на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радмн и заменик министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино, учествуваше на работен појадок организиран од страна на министерката за […]

Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта


Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. РK Вардар е […]

Макрон сака нов светски поредок и зајакнување на безбедносната независност на Европа


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака да изгради нов светски поредок во кој неговата земја ќе игра важна улога во „новата алијанса“. Тој повика на зајакнување на технолошката автономија и безбедноста на независноста на Европа, додавајќи дека зголемената координација меѓу Европејците не го поткопува, туку го зајакнува НАТО. Тој, исто така, повика на […]

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложиле 685.000 евра во патничко осигурување


Во ек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра),покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување. […]

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември во Струмица


Триесет и првото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од земјава, Бугарија и Словенија. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад […]

Британските разузнавачи: Се исплати да се приклучиш на руската армија – Путин добро плаќа


Во најновиот разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Обединетото кралство тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна од почетокот на целосната инвазија на Русија минатиот февруари. „На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно.  Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална […]

Политиката на Париз во Африка и оди на рака на пропагандата на Москва и Пекинг


Франција, иако им даде независност на своите поранешни африкански колонии, никогаш навистина не ги напушти и не ги третира еднакво, а последицата е широко распространети антифранцуски чувства кои одат рака под рака со пропагандата на авторитарните режими во Москва во Пекинг, пишува бугарскиот весник „Труд“. Еден од централните настани во изминатите неколку недели е пучот […]

Најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Маврови Анови и Крушево


Утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 13 степени, а изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови и Крушево, информира УХМР. Минималните температури до 08:30 часот биле: 14 степени Маврови Анови, 15 во Берово, 17 во Охрид и Претор, 18 во Крива Паланка, Струмица и Тетово, 19 во Битола и Прилеп, […]

Адел го откри значењето на еден од нејзините најпознати хитови


Лас Вегас – Кариерата на британската пејачка Адел ја одбележаа хитови како „Someone Like You“, „Hello“, „Rolling in the Deep“ и „Set Fire To The Rain“. Токму за последнава песна, на неодамнешниот концерт во Лас Вегас, САД, таа реши да го открие вистинското значење. Позната по нејзините емотивни текстови засновани на лични искуства, Адел реши […]

Холивудските ѕвезди доаѓаат на Фестивалот во Венеција


Лос Анџелес – И покрај штрајкот на филмските работници во Холивуд, што трае веќе месец и половина, Филмскиот фестивал во Венеција нема да остане без американските ѕвезди. Најстариот филмски фестивал во светот се одржува од 30 август до 9 септември годинава, а потврдено е дека на црвениот тепих ќе прошетаат Адам Драјвер, Џесика Честејн, Кејлеб […]

САД ја обвинија Русија за заплашување вработени во конзулатот по обвинувањата за шпионажа


Вашингтон– САД ја обвинија Москва дека се обидува да ги заплаши и вознемирува американските вработени, откако руските државни медиуми објавија дека безбедносните служби обвиниле поранешен вработен во американскиот конзулат за собирање информации за војната во Украина и други прашања. Безбедносната служба ФСБ објави дека Роберт Шонов, руски државјанин, им пренесувал информации на вработените во американската […]

Активен пожар во Липково, вчера имало 29 пожари


Во државава е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален. ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, […]

Пендаровски во официјална посета на Чешката Република


Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, денеска во Прага шефот на државата со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република Петр Павел. Потоа ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и […]

УС Опен: Ѓоковиќ го совлада Милер, во второто коло утре со Запата


Њујорк– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утринава го совлада Французинот Александар Милер со 3:0 во првото коло на УС Опен. Резултатот во сетови беше 6:0, 6:2, 6:3. Најдобриот српски тенисер по 17-ти пат во кариерата учествува на УС Опен, а го освои УС Опен во 2011, 2015 и 2018 година. Во 2. коло Ѓоковиќ игра против […]