Пендаровски во официјална посета на Чешката Република


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, денеска во Прага шефот на државата со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република Петр Павел. Потоа ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата Петр Фиала.

За време на официјалната посета на Чешката Република претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.