СДСМ: Граѓаните се уште плаќаат милионски оштети за криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ


Скапи и долгорочни се штетите што ДПМНЕ ги стори со неколкугодишното криминално владеење на Град Скопје, тврди СДСМ со соопштение.

-Неколку години по падот на режимот, граѓаните и државата се уште плаќаат за криминалните зделки на ДПМНЕ. За проектот „Шпански скали“, како дел од мега криминалниот проект Скопје 2014, државата се наоѓа пред меѓунардона арбитража каде тужителот побарува оштета од најмалку 130 милиони евра. За овој проект пред домашните судови се води кривична постапка, а еден од обвинетите е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Свои побарувања има и италијанската компанија ФЛЦ Амбиенте, за партнерството во ЈП Дрисла кое пропаднало по неколку пресуди на Управниот и Вишиот управен суд. Идеен на творец на поништениот тендер е поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Државата, граѓаните, плаќаат пенали и заради проектот Бас рапид транзит, кој Данела Арсовска го прекина само заради лични каприци. Ете што значи владеењето на ДПМНЕ со главниот град – колапс на услугите, безидејност и криминални тендери поради кои државата со години е заглавена во судски лавиринти, тврдат од СДСМ.

Според нив, наместо на проекти и развој, државата троши милиони евра за одбрана на нејзините интереси пред меѓународните судови.