Ана Лирман: Договорот со ЕУ e фер и подобар нема да има


  Сега е момент за преземање политичка одговорност, сега е момент да се дејствува, сега е момент да се рече „да“ на европската иднина – порача денес од Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, која заедно со колегите од Франција и од Полска, Лоранс Бун и  Шимон Шинковски вел Сенк  дојдоа да нѐ охрабрат […]

ИЈЗ: Канализацијата не работи, во Охридското езеро пливаат и фекалии


Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира. Во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред […]

Скопјанка нападната пред угостителски објект


Една 19-годишна скопјанка била нападната пред угостителски објект од едно лице. Како што информира МВР, на 16.07.2023 во 2.40 часот во СВР Скопје, 19-годишна скопјанка пријавила дека околу 02.00 часот во с.Марино, скопско, во близина на угостителски објект, била физички нападната од И.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нови претседателства на ЕУ, нови политички предизвици – сѐ помалку амбиции за Западниот Балкан


Овој јули не е само промоција на шпанското претседателство, туку и на новото трио – Шпанија, Белгија и Унгарија. Она што предизвика најмногу внимание не е програмата на триото, туку сѐ поголемата загриженост дали Унгарија, земја која континуирано го прекршува владеењето на правото, може да претседава со Унијата. Европскиот парламент во резолуција усвоена на крајот […]

Јелен: САД ја намалуваат инфлацијата, веројатно нема да има рецесија


Aмериканската министерка за фaнансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД „добар напредок“ прават во намалувањето на инфлацијата и дека не очекува американската економија да влезе во рецесија. Таа за време на состанокот на финансиските претставници на земјите-членки на Г20 рече дека побавниот раст во Кина може да се прелее и на другите економии, но американската […]

МАПАС: Истекува рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж


  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), соопшти дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд. Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) […]

Неколкудневни рестрикции во водоснабдувањето во Росоман


Рестрикции во водоснабдувањето се воведуваат во Росоман, поради недостаток на вода за пиење, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.  – Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД „РОСОМАН” – Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто


Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со покачувањето на ДДВ за пелетите од 5 на 18 отсто секое домаќинство ќе треба да издвои плус 6.000 денари месечно во претстојната грејна сезона и најавува дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандман да остане постојното решение за ДДВ-то за пелетите. -Владата прво го покачи ДДВ за […]

Обвинителството на БИХ издаде наредба за истрага против Додик


Обвинителството на БиХ издаде наредба за спроведување истрага против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поради донесување указ за објавување во Службен весник на РС на законите донесени од Народното собрание на РС, кои претходно беа поништени од високиот претставник, Кристијан Шмит. Наредбата го опфаќа вршителот на должноста Службен весник на РС, Милош Лукиќ, кој […]

Прес-конференција на Маричиќ, Лирман, Бун и Шинковски вел Сенк (видео)


Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ со министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска унија на Република Полска.   

НП Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума, но се бара задолжително пријавување за посета


Националниот парк Шар Планина соопшти дека нема  воведено забрана за движење во шума на територија на нивното заштитено подрачје, но се бара задолжително пријавување при движењето низ паркот. -По однос на препораката на Владата за забрана за движење во шума, ја известуваме јавноста дека ЈУНП Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума на […]

Вон контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирани четири населби


 Преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на четири населби во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина превентивно да се евакуираат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а неофицијално огнените јазици веќе се блиску до домови, јави дописничката на МИА од Атина.  […]

Добра ноќ, добар ден: Мијата со нов сингл


„Добра ноќ, добар ден“  е новиот сингл на Мијата од новиот албум насловен Вида која беше изведена премиерно на концертот во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.  Официјалниот видео запис ја визуелизира  атмосферата од концертот кој се одржа на 28 јуни а всушност беше концертна промоција на албумот.      Линк […]

Билетите за дебито на Меси во САД чинат дури 110.000 долари


Билетите за неговиот очекуван прв натпревар во петок за Интер Мајами во Лига купот се продаваат за 110.000 долари, според пребарувањето на веб-страницата за препродажба на билети „Вивид ситс“ (Vivid Seats). Тоа е една од најскапите цени на билетите што некогаш биле забележани за тим од МЛС. Цените за некои седишта пораснаа откако фудбалската суперѕвезда […]

Фон дер Лајен ја осуди одлуката на Кремљ за повлекување од договорот за жито


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро ја осуди како „цинична“ одлуката на Москва за прекин на важењето на договорот за извоз на украинско жито, што е клучно за исхраната во светот. „Остро ја осудувам циничната одлука на Русија да го прекине договорот и покрај напорите на ОН и Турција. Европската унија работи […]

Твитер изгуби половина од приходите од реклами откако го презеде Маск


  Твитер изгуби речиси половина од приходите од реклами откако беше купен од Илон Маск за 44 милијарди долари минатиот октомври, откри неговиот сопственик. Тој рече дека компанијата не забележала зголемување на продажбата што се очекуваше во јуни, но додаде дека јули е „малку повеќе ветувачки“. Маск отпушти околу половина од 7.500 вработени од Твитер […]

Суспендирана вработена во МВР која земала пари „на рака“


Денеска беше поднесена кривична пријава против Н.Л. вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница поради „проневера во служба“. – Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари – мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари […]

ЕУ ги укинува ограничувањата за увоз на храна од Јапонија воведени по катастрофата во Фукушима


Европската унија ги укина ограничувањата за увоз на храна од Јапонија, воведени по несреќата во нуклеарната централа Фукушима, барајќи од Токио да објави податоци за можна појава на радиоактивни материи по испуштањето на загадена вода во морето. ЕУ го ограничи увозот во 2011 година, барајќи тестирање на храна пред извоз за можна радиоактивност. Во 2021 […]

Руската одлука ги зголеми цените на пченицата на берзата во Чикаго


Цените на пченицата денеска на берзите експресно пораснаа откако Русија се повлече од учеството во Иницијативата што гарантираше безбеден извоз на житарки преку Црното Море, наведуваат трговците. На берзата во Чикаго, фјучерсите на пченицата поскапеа за 3,4 отсто на 6,84 долари за бушел. Цените на пченката, исто така, се зголемија, за два отсто, на 5,16 […]

„Огнените“ ќе станат политичко движење


Еден од лидерите на „огнените“, Изет Меџити, денеска потврди дека започнуваат со процедура за формирање нов политички субјект. Тоа нема да биде класична политичка партија, туку повеќе демократско движење. „Уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните“, изјави Меџити денеска за МИА потврдувајќи дека со […]