Населението во Италија рапидно се намалува – рекорден број постари од 100 години


Бројот на луѓе постари од 100 години во Италија минатата година достигна ново рекордно ниво, објави Државниот завод за статистика (ИСТАТ), додека просечната возраст на населението во земјата расте побрзо отколку во другите членки на ЕУ. Во својот годишен извештај ИСТАТ наведува дека уделот на населението постари од 100 години е тројно зголемен од почетокот […]

Екопатролата на „Комунална хигиена“ затекнала 51 неправилно одлагање на отпад


Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведува секојдневни дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. Во текот на месецот јуни, со континуирани дежурства се покриваа десетина локации во општините Ѓорче Петров и Чаир, додека неделава беа реализирани дежурства и во скопските општини Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош. Во […]

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори престижниот фестивал на класична музика „Раванелиус“ во Србија


Македонскиот камерен оркестар Профундис денеска ќе настапи на затворањето на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Камерниот оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал. На сцената со Профундис ќе настапи како солист српскиот кларинетист Огњен Поповиќ. – Ова е само еден од настапите кои уште […]

Средба Османи -Ескобар за актуелните состојби во Западен Балкан


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во фокус на разговорите беа актуелните состојби во Западен Балкан, при што Османи го брифираше високиот американски претставник за Планот од 9 точки за деескалација на тензиите […]

На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 40 минути, а на „Богородица“ за излез до 1,5 час


 АМСМ информира дека поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин (ГП) „Табановце“ за влез во државата се чека 30 до 40 минути, додека на ГП „Богородица“ за излез времето на чекање е 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, […]

Се додека мислиме дека може и без фискална сметка, сите придонесуваме за сивата економија


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека сите чинители во општеството треба да придонесат за намалување и сузбивање на сивата економија. Според него, се додека мислиме – може и без фискална сметка, сите придонесуваме за оваа „рак рана“, со која, како што вели, се соочуваме 32 години. Негова оценка е дека со одредени чекори […]

Притвор за осомничен дилер на дрога во Велес


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На предлог на обвинителството, Судот на осомничениот му определи притвор во траење […]

Мечок заглавен поради сајла на Шар Планина, стручни лица го успија и ослободија


Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот […]

Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија


Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор. – Полицијата за време на патролирањето (во село […]

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран


Група бомбаши-самоубијци денеска нападна полициска станица во југоисточен Иран, при што е убиен е еден полицаец, јави иранската државна телевизија. Вооружена група нападна полициска станица во Захедан, град во иранската провинција Систан и Балучистан, на околу 500 километри југоисточно од главниот град Техеран. Екстремистите на себе носеле експлозивни појаси, а двајца од нив и го […]

Ердоган со целосна поддршка за Украина


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев. Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори. Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито […]

Агелер: Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“


Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал.   -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но […]

Отворањето канцеларија за врски во Јапонија можност за зајакнување на НАТО ангажманот во Индо-Пацификот


Сметаме дека отворањето на канцеларија за врски на НАТО во Јапонија, доколку се донесе таква одлука, е конкретен и симболичен напор што го отелотворува ставот на Алијансата за зајакнување на својот ангажман во Индо-Пацификот, вели во интервју за МИА јапонскиот амбасадор, Казуја Оцука, во врска со најавите за отворање на таква канцеларија, која би била […]

Шумски пожар во близина на манастир во Света гора


Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, […]

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка. РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство. Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа […]

„Невозможна мисија: Одмазда 1“ со Том Круз доаѓа во Скопје


Со месеци ги следевме сите подеми и падови на снимањето, но и смелите акробации на бестрашната филмска ѕвезда Том Круз, со нетрпение очекувајќи го новото продолжение на култниот „Невозможна мисија“, во кое не само што се вложија големи пари, туку и натчовечкиот труд и посветеност на бројната филмска екипа која работеше на создавањето на оваа […]

Био гасната електрана „Био ентерпрајз“ работи со полн капацитет


Био гасната електрана на Централинвест, ,,Био ентерпрајз”,  работи со полн капацитет, со својата инсталирана моќност од 2 мегавати. Обезбедува континуирано производство на електрична енергија во текот на 24 часа во денот и е значаен извор на базна енергија во рамките на портфолиото на ФЕРОИНВЕСТ/Централинвест, во кое има различни електрани на обновливи извори: на вода, сонце и биогас. […]

Австријците воведуваат драстични мерки – автомобилите на аукција за брзо возење


Доколку ограничувањето на брзината надмине 80 km/h во населено место или 90 km/h надвор од населено место, возилото веднаш се одзема и се продава на аукција, без разлика дали се работи за прв или повторен прекршок. Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата. Австрискиот национален совет во Виена го усвои предлогот […]

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде […]

Сириски бегалец избран за градоначалник на германскиот град Остелсхајм


 Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на синоќешната свечена седница на Општинскиот совет. Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто. […]