Западните земји ја разгледуваат можноста Шмит да го смени Додик


Првпат водечките западни земји сериозно почнаа да развиваат сценарија за тоа како може да изгледа Република Српска без Милорад Додик, што е јасен знак за поддршка на високиот претставник Кристијан Шмит да го отстрани Додик од функцијата претседател на РС и да му забрани политичка активност. Шмит ја има целосната поддршка од Западот да го […]

Најмалку осуммина загинати при уривање на зграда во Бразил


При вчерашното уривање на станбена зграда во североисточниот бразилски град Ресифе загина најмалку осум лица, од кои две деца на возраст од пет и осум години. Четири лица се извлечени живи од урнатините, а шест сè уште се водат како исчезнати. Причината за уривањето сè уште не е позната, но изминатите денови Ресифе беше погоден […]

Галатасарај ќе плати 10 милиони евра за Икарди


 Турскиот фудбалски гигант Галатасарај и францускиот шампион Пари Сен-Жермен почнаа разговори за трансфер на напаѓачот Мауро Икарди во Истанбул на трајна основа.   Според „Л’Екип“, турскиот клуб за 30-годишниот Аргентинец ќе плати 10 милиони евра.   Во сезоната 2022/23, Икарди одигра 26 настапи за Галатасарај како позајмен фудбалер во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и […]

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер од северен правец


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8. […]

Холандската влада падна поради судир за имиграцијата


  Холандската коалициска влада пропадна во петокот вечерта, откако не постигна договор за тоа како да се справи со бројот на баратели на азил кои влегуваат во Холандија, јавуваат локалните медиуми. Министрите со месеци разговараа за нови мерки за ограничување на приливот на баратели на азил во земјата. Но, тензиите дојдоа до врвот оваа недела […]

Microsoft: Потенцијалот на AI е толку голем, што би било глупаво да го игнорираме


Шефот за вештачка интелигенција на Microsoft, Ерик Бојд, денеска изјави дека компанијата ќе продолжи да ја забрзува својата работа на големи модели со вештачка интелигенција и покрај некои загрижености дека технологијата расте пребрзо и е премногу непредвидлива за да биде безбедна. „Потенцијалот на оваа технологија навистина да ја зголеми човечката продуктивност, да придонесе за економскиот […]

Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вечерва по средбата во Белград изјавија дека двајцата по повеќе децении во односите меѓу Србија и Албанија почнале да го менуваат лошото политичко наследство, дека разговарале за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, и за „нивните неретко различни погледи за ситуацијата на Косово“ избегнувајќи да […]

Трагедија во Битола: Момче на 22 години од Шпанија се удави во градскиот базен


Доцна попладнево во СВР Битола е пријавено дека во отворениот градски базен, познат како Олимпискиот базен под Тумбе кафе во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

„Тоа беше тешка одлука“: Пентагон потврди дека САД испраќа касетна муниција во Украина


Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на […]

Деведесет доживотни казни за Патрик Крузиус кој уби 23 луѓе во „Волмарт“ во 2019 година


Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми. Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства. Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо […]

Ананас: Летна суперхрана со неверојатни здравствени придобивки


Ананасот е бразилско овошје кое се состои од голема количина на вода, но тоа не значи дека му недостасуваат хранливи материи. Извор е на јод, витамин Ц, органски киселини и бромелаин. Една чаша ананас содржи околу 78,9 милиграми витамин Ц, како и 2,3 грама влакна, заедно со 2,6 мг манган. Ананасот е меѓу највкусните тропски […]

Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул


урскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими неговиот украински колега Володимир Зеленски, јави агенцијата Анадолија. Ердоган го пречека Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, со свечена церемонија во вилата Вахдетин. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати. Двајцата лидери се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет […]

Германските разузнавачи го прислушувале разговорот меѓу Лукашенко и Пригожин


  Германската разузнавачка служба слушала додека Евгениј Пригожин преговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко, во име на рускиот претседател Владимир Путин, за да го запре маршот на „Вагнер“ групата кон Москва, јавуваат германските медиуми. Заедничката истрага на германските јавни радиодифузни куќи НДР и ВДР тврди дека разузнавачката служба на земјата (БНД) знаела повеќе за разговорите […]

Арсовска: Мостот „Беласица“ наскоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во интервју за Канал 5 ТВ најавува дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден. Според неа дека во извештаите од Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележано во ниту еден дел на мостот изложеност на каблите […]

Во последните 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирале на платформата Тредс


За помалку од 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирани на апликацијата Тредс (Threads), што е двојно повеќе од 30 милиони регистрирани во првите 24 часа од лансирањето на апликацијата. Сопственикот на Мета, кој е сопственик и на „Тредс“, Марк Закерберг, изјави дека тоа далеку ги надминало нивните очекувања. Тој рече дека сака „љубезноста“ […]

Невработеноста во САД во јуни намалена за 3,6 отсто


 Отворени помалку работни места во јуни, раст на платите и намалена невработеност од 3,6 отсто, се дознава од месечниот извештај на американското Министерство за труд објавен денеска. Работодавците во САД вработиле 209.000 работници во јуни, солидна бројка но помала од 306.000 вработени во мај. Минатиот месец исто така порасна бројот на Американци вработени на делумно […]

Скопјанец се соблекол пред малолетнички и недолично се однесувал пред нив


Вчера во 10.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 73-годишниот В.М. од Скопје, извести МВР. Полицијата постапила по пријава според која на 05.07.2023 околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот […]

Починат маж пронајден во „цитроен“ на патот за Арачиново


Вчера попладне во 16.10 часот било пријавено дека на патот за село Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 50-годишниот А.И. од село Сарај, скопско, извести МВР.   – Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, додаваат од Министерството за […]

МААЕ бара поголем пристап до нуклеарната централа Запорожје


Шефот на нуклеарната агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси, денеска изјави дека се обидува да добие пристап до покривот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, откако Украина и Русија повторно се обвинија меѓусебно за планирање напади. Русите им дадоа на официјални лица на МААЕ само ограничен пристап до нуклеарната централа што Москва ја окупираше на […]

Која е Марта Фашина на која Берлускони и остави- 100 милиони евра?


Милано– Никогаш нема да дознаеме дали на контроверзниот италијански милијардер Силвио Берлускони му здосадија моќта, парите и жените – трите работи на кои им го посвети својот долг и плоден живот. Но, сега е сосема јасно како поранешниот италијански премиер, медиумски магнат и сопственик на фудбалскиот клуб Милан, го подели своето огромно богатство, чија вредност […]