Словенија е меѓу новоизбраните непостојани членки на СБ на ОН


Генералното собрание на Обединетите нации денеска ги избра Гвајана, Сиера Леоне, Словенија и Јужна Кореја во Советот за безбедност на ОН со мандат од две години, почнувајќи од 1 јануари 2024 година. Алжир, Гвајана, Сиера Леоне и Јужна Кореја беа примени без противење за место во 15-членото тело одговорно за одржување на меѓународниот мир и […]

Зеленски: Русија активираше бомба за масовно уништување на животната средина


Русија ја контролира браната и целата хидроелектрана Каховка повеќе од една година. Физички е невозможно да се разнесе однадвор, со гранатирање. Руските окупатори ја минираа и ја разнесоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање на самитот на Букурешката деветорка. Тој истакна дека Русија активирала бомба за масовно уништување на животната средина. – Ова е […]

Билети за натпреварот Англија – Македонија можат да се купат до 15 јуни


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше денеска дека навивачите на македонската репрезентација имаат можност до 15 јуни да купат билет за евроквалификацискиот натпревар против Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер. По воведната победа во квалификациската група Ц над Малта (2-1) на домашен терен, македонските фудбалери овој месец ги очекуваат дуелите против Украина, на 16 јуни […]

Курти доби ултиматум од САД и ЕУ


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денес изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не, јавуваат српските […]

Локвенец се повлече од МЖ Инфраструктура


Директорот на МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец поднесе оставка на функцијата, како што потврди од лични причини. Оставката на Локвенец е прифатена на денешната владина седница и на негово место доаѓа Зоран Трифуновски. Локвенец дојде на директорското место во МЖ Инфраструктура во ноември во 2020 година.

АВМУ ги пречекорила овластувањата, одлучи Уставниот суд


  Уставниот суд денеска го укина член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Mакедонија” бр.172/2014 и бр.76/2015), опфатен во предметот Реферат У.бр.32/2022.  […]

Управен суд пресуди – Арсовска незаконски го назначила Алексов за директор на МКЦ


Незаконско е решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ, утврди Управниот суд. Од Градот Скопје побара да го поништи решението. Но, Алексов и натаму си доаѓа на работа велат вработените. Од Градот нема одговор дали ќе ја спроведат судската одлука. Управниот суд донесе пресуда со која го поништува решението […]

Авионско прскање против возрасни форми на комарци во Скопје утре и задутре


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 7 и на 8 јуни 2023 година (среда и четврток), во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога […]

Аструд Жилберто, жената што ја испеа „Девојката од Ипанема“, почина на 83 години


  Аструд Жилберто, чијашто сонлива интерпретација на „Девојката од Ипанема“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83-годишна возраст. Пол Ричи, соработник на Жилберто, ја потврди веста на социјалните мрежи, пишувајќи дека бил замолен да ја објави синот на Жилберто, Марсело. „Таа беше важен дел од сета бразилска музика во светот и промени многу животи […]

Нова инвестиција на „Костал”, Охрид ќе биде светски центар за паметна електроника


Охрид – „Костал Македонија“ ќе инвестира околу 50 милиони евра во нови капацитети во кои ќе се произведува паметна електроника за најновите модели автомобили на „Фолксваген“, „Шкода“, „Сеат“, „Ауди“ и „Порше“. Станува збор за инвестициски проект за производство на чарџери за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – […]

Бугарија конечно доби редовна влада, премиер Николај Денков


  По 10 месеци службена влада поставена од претседателот Румен радев Бугарија денеска конечно доби редовен политички кабинет составен од двата лути политички противници коалицијата продолжуваме со промената – Демократска Бугарија и ГЕРБ. Владата има мандат 18 месеци. Премиер ќе биде кандидатот на ПП-ДБ, Николај денков, а вицепремиер и министерка за надворешни работи поранешната еврокомесарка […]

Во Берово и во Демир Хисар нема слободни работни места


Според етничката структура, најмногу од невработените се Македонци – 45.489. Од нив, жени се 22.905. Понатаму, табелата вели: без работа се и 40.578 Албанци, 7.174 Турци, 10.950 Роми, 570 Срби, 129 Власи, 332 Бошњаци, а под графата други се забележани 2.366 лица. Што се однесува до понудата на слободни работни места, најмногу ги има во […]

Прогласени најдобрите библиотекари за 2023 година


Во Струмица денеска се одржува еднодевно советување на тема „Библиотеката темел на писменоста“, а беа доделени и признанијата на најдобрите библиотекари за 2023 година во јавните и училишните библиотеки. Признанието библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“ го добија Тања Гошева од струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ за врвни достигнувања во оваа област и Магдалена Кочовска […]

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД


Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката „Жан Митрев“ се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази […]

Љубовен хороскоп за летото 2023 година: Кој си игра со емоции, а кој сака озбилно?


Прочитајте го љубовниот хороскоп за летото 2023 година и дознајте што ви подготвуваат ѕвездите! Месечниот хороскоп за јуни 2023 година носи добри вести за повеќето знаци од Зодијакот, а Венера носи многу новости за секој знак од хороскопот на љубовно поле. Доколку ве интересира што ќе се случува во следните три месеци и какво лето […]

Научно е докажано дека е најубавата жена на планетата – погледнете како се појави синоќа


Актерката Џоди Комер присуствуваше на доделувањето на Theater World 2023 Awards во Њујорк. Нејзиното монохроматско издание беше елегантно, но во исто време заводливо. Црниот блејзер со сатенска јака беше надополнет со плисирано проѕирно здолниште. Во темнината, до израз дојдоа нејзината руса коса, благо свиткана и нејзиното совршено лице… Да потсетиме, според пресметката на британскиот пластичен […]

Битиќи со германските компании: Поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со делегација на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, на која ги споделил деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции. На средбата, како што соопштија од владината прес-служба, […]

Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии


Министерството за економија објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво. Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40 проценти од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но […]

Хациенда се гради во заштитениот дел на Стрежевско езеро од каде цела Битола пие вода


  БИТОЛА – Хациенда никнала покрај брегот на Стрежевското езеро од каде цела Битола пие вода, а се наводнува и Пелагониски поле. Тоа ги загрижува жителите од околните села особено што раскошната вила се гради на стотина метри од брегот на езерото, во зона која одамна е иселена. Хидросистемот „Стрежево“ е стратешки објект за Пелагонискиот […]

Судскиот совет се распаѓа, двајца членови поднесоа оставки?


  Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет. Апелациониот судија Зоран Герасимовски и врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова беа избрани за членови на Советот на непосредни избори, од редот на судиите. Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се […]