„Рециклирана топка“ – партиципативен уметнички проект на Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин


Акција за тркалање на „Рециклирана топка“ кој е партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин ќе се одржи денеска во Скопје.  Тие изминативе години заедно работат под слоганот Two artists one planet и се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на […]

Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус


Земјите од источното крило на НАТО очекуваат самитот на Алијансата во Вилнус во јули да ја стави Украина на појасен пат кон членство откако ќе заврши војната со Русија, беше објавено синоќа на самитот на источните членки во Братислава, пренесе Хина. Сојузниците на НАТО се расправаат за брзината на евентуалниот пристап на Украина во НАТО, […]

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест, вечерва настапува португалската фадо ѕвезда Мизија


Дваесет и второто издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од денеска до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Отворањето на дваесет и второто издание на ОФФест (7-10 јуни) ќе биде целосно во знакот на португалското фадо со една од неговите клучни протагонистки, Мизија. Вечерва, заедно со својот исклучително квалитетен состав, таа […]

Како до работа во Словенија: Претставување на словенечки работодавачи во Скопје и во Битола


Во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, денеска и утре, од 10 до 17 часот ќе бидат претставени словенечките работодавачи во Скопје и во Битола. На двата настана кои се наречени „Вработување и живеење во Словенија“ – македонските баратели на работи ќе имаат можност да се поврзат и директно да се запознаат со […]

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“


„​Саем за транспорт 2023“ ќе се одржува од денеска до 9 јуни на отворено, во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се претстават повеќе од 30 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.  Меѓу потврдените учесници се бренд-имињата на импортери на товарни возила (Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang […]

Тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните […]

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе биде промовиран „Полиглот“ – најновиот роман на Игор Станојоски. Книгата, низ разговор со авторот, ќе ја претстави книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Полиглот“ (издание на „Муза“) е возбудливо четиво со многу заплети и непредвидливи ситуации. Дејствието започнува во […]

Одбележување на Светскиот ден на безбедна храна


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по петти пат годинава, се приклучува на глобалната иницијатива на Светската организација за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 7 јуни- Светски ден на безбедна храна. На настанот ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за […]

Претпладне сончево, попладне изолирана појава на пороен дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. […]

31.000 луѓе протестираа против пензиската реформа во Париз, 17 лица се уапсени


На протестот против пензиската реформа во Париз денеска се собраа 31.000 луѓе според податоците на полициската префектура, додека синдикатите наведуваат бројка од 300.000, јави радиото Франс Инфо и додаде дека 17 лица се приведени. Париската полиција соопшти дека за време на протестот дошло до инциденти бидејќи учесниците запалиле барака на градилиште. Синдикатите, кои од почетокот […]

Ди Марија го напушта Јувентус


Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел ди Марија потврди денеска дека нема да го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус. „Дојдов до крајот на тежок и сложен период. Заминувам сигурен дека дадов сè од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил. Ди […]

(Видео) Турција: Поплави уништија згради, надојдената вода исфрла мебел од становите


Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави што го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот. Портокаловата метеоролошка тревога е во сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара. Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, […]

Поранешната „Славија“ во Пржино ќе прерасне во современ спортски комплекс


Жителите на населбата Пржино ќе добијат модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија“, соопшти денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Како што информира Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски присуствуваше на почетните градежни зафати на оваа локација со површина од 1350 квадратни метри, каде ќе се изведуваат тениско, фудбалско и кошаркарско игралиште, […]

Нова трагедија во Белград: Двајца матуранти се удавија на Ада Циганлија


Припадници на српското МВР, нуркачката единица на жандармеријата, од езерото на Ада Циганлија во Белград извлекле тела на две шеснаесетгодишни деца, јави дописникот на МИА од Белград. Претходно во полиција околу 17:30 часот беше пријавено дека голем број матуранти влегле во езерото на Ада Циганлија, а две лица не испливале. Полициски патроли, како и Нуркачката […]

Скопјанец натепан во здравствена установа во Кисела Вода


Скопјанец бил истепан од две лица во здравствена установа во Кисела Вода. -На 05.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од М.А.(28) и М.К.(41), двајцата од Скопје, вработени како обезбедување во установата, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот […]

Приведена 53-годшина битолчанка, препродавала дрога


Денеска,  криминалистичката полиција при СВР Битола ја лиши од слобода З.М.(53) од Битола. Имено, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи З.М.(53) од Битола пронајдени се 96 паковки со марихуана, една паковка амфетамин,дигитална вага и други предмети.  о документирање на настанот против З.М. ќе следува соодветна пријава по чл.215од КЗ.

Уапсен поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако


 По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, попладнево уапсен е поранешниот градоначалник на Драч Ванѓуш Дако, под обвинение за злоупотреба на службената положба. Уапсени се вкупно десет поранешни и актуелни раководители на значајни сектори во општина Драч, како и сопственик на градежна компанија, при што судија на претходна постапка одредил мерка […]

Бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика. Преку Проектот, како што е наведено во соопштението од […]

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во Белград


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија. Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри. Земјотресот бил почувствуван и во Белград, пишува „Блиц“. „Можам да се заколнам дека земјотресот се почувствува во Белград“, „Многу силно се почувствува во Клуж-Напока. Живеам на третиот кат. Траеше околу […]

Васко Кичевски координатор на мешовита установа помеѓу Владата, „Стартап Македонија“ и „Културно ехо“


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Канцеларијата на претседателот на Владата, за Иницијативата за формирање хибридни младинско иновативни центри на територија на Република Северна Македонија поднесена од граѓанските организации: Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО […]