Во Берово и во Демир Хисар нема слободни работни места


Според етничката структура, најмногу од невработените се Македонци – 45.489. Од нив, жени се 22.905. Понатаму, табелата вели: без работа се и 40.578 Албанци, 7.174 Турци, 10.950 Роми, 570 Срби, 129 Власи, 332 Бошњаци, а под графата други се забележани 2.366 лица.

Што се однесува до понудата на слободни работни места, најмногу ги има во Скопје -2.828. Тетово има 492 отворени позиции, Куманово 301, Охрид 269, Штип 218, Битола 165, Прилеп 157, Велес 111, Виница 94, Кавадарци 87, Кочани 81, Македонски Брод 79, Струмица 75, Гевгелија 50, Свети Николе 20, Струга 19, Гостивар 16, Кичево 11, Неготино 9, Валандово и Ресен по 6, Крушево 3, Радовиш 2, а Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Дебар и Делчево засега се само со по едно слободно место.

Во Демир Хисар и Берово, работни места за пополнување – нема.