Аструд Жилберто, жената што ја испеа „Девојката од Ипанема“, почина на 83 години


 

Аструд Жилберто, чијашто сонлива интерпретација на „Девојката од Ипанема“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83-годишна возраст.

Пол Ричи, соработник на Жилберто, ја потврди веста на социјалните мрежи, пишувајќи дека бил замолен да ја објави синот на Жилберто, Марсело. „Таа беше важен дел од сета бразилска музика во светот и промени многу животи со својата енергија“, додаде тој.

Родена во 1940 година во бразилската држава Баија и израсната во Рио де Жанеиро, Аструд Вајнерт се омажи за музичарот Жоао Жилберто во 1959 година. Во 1963 таа ќе го придружува него  во Њујорк каде ќе снима со славниот џез саксофонист Стен Гец и бразилската ѕвезда на боса нова Антонио Карлос Жобим. Продуцентот на сесијата сакаше пејачка на англиски јазик да помогне на „Девојката од Ипанема“ да биде прифатена од публиката во САД, а Аструд – која немаше претходно искуство со снимање – беше единствената личност што можеше да го испее тоа.

Оригиналната верзија беше дует со нејзиниот сопруг – Аструд не беше ни запишана на снимката, беше скратена од хонорарите и доби само мал хонорар за музичар за сесија. Но, откако во „Девојката од Ипанема“ беа исфрлени вокалите на португалски јазик на Жоао песната како соло сингл стана огромен хит во 1964 година, достигнувајќи ги Топ 5 во САД и Топ 30 во Велика Британија. Ја освои наградата Греми за песна на годината , а Жилберто исто така беше номиниран за најдобра вокална изведба од жена. Таа година, таа и Жоао се разведоа и таа беше на турнеја низ САД со Гец и неговиот бенд, искуство кое подоцна го опиша како „многу тешки времиња … да се биде среде разделба и да се занимава со одговорностите да се биде самохрана мајка и пред нова кариера“.

Девојката од Ипанема ќе биде нејзиниот единствен голем хит. Таа, исто така, снимаше со Чет Бејкер, и продолжи со турнеја до 2002 година. Во 2008 година и беше доделена награда за животно дело од Латински Греми.