Би-би-си: Уапсена поранешната шкотска премиерка Никола Старџен


Поранешната шкотска прва министерка Никола Старџен е уапсена во врска со тековната истрага за финансирањето и финансиите на нејзината СНП, јави Би-би-си. Полицијата потврди дека 52-годишната политичарка е приведена како осомничена и е сослушана од детективи. На 5 април, полицајците го претресоа нејзиниот дом и седиштето на партијата во Единбург. Полицијата го уапси и нејзиниот […]

Како „Не“ на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени стана „Да“ и кој живее во „паралелна реалност“


  Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и опозициската ВМР-ДПМНЕ денес излегоа со целосно спротивставени констатации околу уставните измени. Додека во Кавадарци, на партиската трибина Ковачевски рече дека на последната нивна средба, Христијан Мицкоски прифатил уставни измени, од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека „Ковачевски живее во паралелна реалност“, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ понудиле предлози, а […]

Пригожин одбива борците на „Вагнер“ да потпишат договори со руското Министерство за одбрана


Лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека неговите борци „нема да потпишат никаков договор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу“, пренесе Скај Њуз.  Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Шојгу им наредил на сите доброволни единици да потпишат договори со министерството до крајот на месецот со цел да се зголеми […]

Kалин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Скопје


 Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на Фјучерсот во Скопје. Ивановски попладнево во финале го победи Саша Вајнебург од Франција со 2:0, по сетови или 7:6(2) и 6:4. Мечот се одигра на терените на ТК Југ и траеше 1 час и 46 минути. Македонецот беше четврти, Французинот трети носител на турнирот со награден фонд […]

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува


Тоа што се случи вчера претставува пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил, изјави претседателот на Сојузот на средношколци во заминување Лука Павиќевиќ. – Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле […]

Тројца туристи исчезнаа во запален брод кај египетскиот брег на Црвено Море, 12 се спасени


Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми. Спасените туристи биле сместени во одморалиштето Марса Шагра, заедно со 12 членови на египетскиот екипаж и водичот, за британските медиуми изјавија од канцеларијата […]

Германка ја тужи „БиоНТек“ заради последиците од вакцината против коронавирусот


Фармацевтската компанија „БиоНТек“ утре ќе се појави пред Окружниот суд во Хамбург по тужбата во која една Германка бара компензација за тешките последици од нивната вакцина против Ковид-19.  Ова е прва во серијата можни тужби против компанијата во Германија поради несаканите ефекти од вакцината. Жената го тужи германскиот производител за најмалку 150.000 евра заради нанесување […]

Врачено „Рациновото признание“ на Блаже Миневски


Во Спомен костурницата од НОВ во Велес синоќа на свеченото отворање на 60. јубилејни Рацинови средби му беше врачено „Рациновото признание“ на Блаже Миневски за неговиот роман „Ако се родат некакви чувства“. На македонскиот раскажувач, романсиер, драматург и новинар Блаже Миневски родум од Гевгелија, оваа високо признание му го врачи градоначалникот Марко Колев. Признанието се […]

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци


   Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот. Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, одговорна за администрација при Извршниот одбор на […]

Земјотрес од пет степени во Кахраманмараш, турскиот регион што настрада во разорните потреси


Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси […]

Оддавање почит и нови апсења поврзани со масакрите во Србија


Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска ќе се одбележат 40 дена од убиството на девет ученици и чуварот, а истовремено е уапсено уште едно лице поврзано со вториот масакар кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е најавено, училиштето „Владислав Рибникар“ ќе биде отворено од 10.00 до 18.00 часот […]

Протест на велосипедистите во Прилеп, бараат безбедност на патиштата и улиците


Под мотото „Утре можеш да бидеш ти“, десетици членови на велосипедските здруженија „Прилеп на точак“ и „Вело Че“ излегоа на мирен протест во центарот на Прилеп за да го изразат својот револт и загриженоста што се чувствуваат небезбедни на улиците и патиштата. Повод за нивниот протест е трагичната сообраќајна несреќа пред два дена кога млада […]

Вулканот Мајон исфрла запалени камења во радиус од 2 километри, на Филипини евакуирани 13 илјади лица


Илјадници луѓе кои живеат во близина на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините се евакуирани за да се избегне денешната закана од пепел, запалени карпи и отровни гасови кои протекуваат од кратерот, соопштија локалните власти. Сеизмолозите известија дека во последните 24 часа се случил вулкански земјотрес и дека запалени камења паѓаат во радиус од […]

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево


Пуштен е сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четвртокот го зафати Делчево. До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила, како што информираа од подружницата на „Макадонија Пат“, сообраќајот за […]

Почина борецот за работнички права и претседател на ССМ, Дарко Димовски


По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). – Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото […]

Мигранти киднапирале товарен брод во Италија, па беа уапсени од специјалци


Италијански специјалци денеска совладаа група мигранти кои киднапираа товарен брод во близина на брегот на Неапол. Неколку лица од група од 15 кои се криеле на бродот како слепи патници вчера го совладале екипажот на бродот, соопштија властите. Тие го принудија бродот „Галата Сивејс“, кој пловел под турско знаме, да ја пренасочи својата рута. Бродот […]

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Јоханесбург


Земјотрес со јачина од пет степени рано утринава го погоди Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, објави Американскиот геолошки институт (УСГС). Според институтот кој ги евидентира земјотресите ширум светот, земјотресот во Јоханесбург се случил во 2.38 часот по локално време. Епицентарот бил на шест километри од Албертон, град во југоисточното предградие на Јоханесбург. Засега нема […]

Нови 700 работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава


Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ. Заклучно со мај 2023, бројот на работни места достигна речиси 16 900. Тоа е за 15 отсто повеќе од мај 2022, односно за 21 отсто и 25 отсто повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.  Оттаму […]

Малиот детски воз „Мечо“ повторно низ градскиот парк во Битола


Општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, по 25-годишен прекин, повторно го ставија во функција електричниот воз „Мечо“, атрактивна содржина за деца кои престојуваат во битолскиот градски парк. Во активностите за враќање на традицијата како општествено одговорна компанија се вклучи и IWCONNECT, соопштија од Општина Битола. -Возот „Мечо“, повторно стартува во Битола и тоа е […]

Ден на независната продукција со претстави по текст од македонски автор на МТФ „Војдан Чернодрински“


Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што од 9 до 16 јуни се одржува во Прилеп ја исполнува најавата дека има богата целодневна програма. По двете претстави во официјалната конкуренција, првата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“, а втората синоќа на прилепскиот народен театар „Мистерија Буфо“, денеска Фестивалот нуди три претстави од независната сцена, […]