Премиерот Ковачевски во посета на Богданци и Демир Капија


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска ќе ја посети Општина Богданци.  Како што информираат од владината Прес-служба, предвидено Ковачевски и Шукова да извршат увид на почеток на проект за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци. По престојот во Бограднци, премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт […]

Без струја делови од населбите Водно, Пинтија и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од жителите на скопските населби Водно, Пинтија и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тасино Чешмиче“, „Ѓорѓи Скрижевски“ […]

Претпладне облачно, попладне нестабилно со дожд, ветер и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град. Максималната […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 јуни 2023 година, 163-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 202 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Движењето Европа сега победи на изборите во Црна Гора


Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) по преброените 100 отсто од гласовите на денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора, посочи дека најдобар резултат освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ – 26 отсто од гласовите. Втора е листата „Заедно“, предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ, со 23 отсто од […]

Русите ја разнеле и браната на реката Мокри Јали, тврди Украина


Руските сили ја разнесоа и браната на реката Мокри Јали, во регионот Доњецк, предизвикувајќи поплави од двете страни на реката, изјави за „Украинска правда“ Валери Шершен, портпарол на одбранбените сили на Фронтот Таврија. -На реката Мокри Јали, окупаторите ја разнесоа браната, што доведе до поплавување на двата брега на реката. Сепак, тоа не влијае на […]

Црна Гора: По 65 отсто од преброените гласови Движењето Европа во тесно водство пред ДПС


Првите прелиминарни резултати од вонредните парламентарни избори во Црна Гора, објавени вечерва од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), покажуваат дека битката за првата позиција се води меѓу Движењето Европа сега, предводено од Милојко Спајиќ, и „ Заедно“, чиј столб е Демократската партија на социјалистите (ДПС), која сега ја предводи Данијел Живковиќ. Според преброени 65,2 […]

Млад Бугарин родителите го однеле во САД со 600 долари во џеб. Сега лансира „фабрика“ во вселената


  Додека го читате овој текст, американската компанија „Варда спејс индустрис“ (Varda Space Industries) ќе почне да управува со првата вселенска фабрика. Овој футуристички проект пред две години го осмислија тројцата основачи Вил Бруи, Даниел Маршал и младиот Бугарин Делијан Аспарухов, со намера да започнат автоматско производство во орбитална станица во близина на Земјата. Сè […]

„Србија против насилството“ ќе блокира мостови и патишта ако Вучиќ не ги исполни нивните барања


Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград. Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и […]

Затворени избирачките места на вонредните парламентарни избори во Црна Гора


 Во 20 часот беа затворени избирачките места за вонредните парламентарни избори во Црна Гора, на кои денеска е регистрирана многу помала излезност од претходните неколку изјаснувања на граѓаните, јави Мина. Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) предмалку соопштио дека околу 305.760 гласачи или 56,4 отсто гласале на вонредните парламентарни избори.  На северот на земјата до 20 […]

Старџен пуштена од притвор без обвинение, чека дополнителна истрага


Поранешната шкотска прва министерка/ премиерка, Никола Старџен, вечерва е ослободена од притвор без обвинение и чека дополнителна истрага. Таа, наводно, беше уапсена претходно денеска во истрагата за финансиски малверзации од страна на Шкотската национална партија (СНП). „Жената (52) која беше уапсена претходно денеска во врска со истрагата за финансиски малверзации на СБО е ослободена без […]

Јовев го потпишал решението за негово разрешување од директор на Кардиохирургија


Сашко Јовев за МИА потврди дека вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија. Тој посочува дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено. Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што […]

Русија и Украина разменија приближно 200 воени заробеници


 Русија и Украина најавија истовремено ослободување на речиси 100 војници од секоја земја, јавија британските медиуми. Руското Министерство за одбрана во денешната објава на каналот Телеграм соопшти дека по успешно завршените преговори 94 Руси, кои биле заробени во Украина, се ослободени и истите ќе бидат однесени во медицинска установа каде што ќе бидат прегледани. Шефот […]

Ролан Гарос: Ѓоковиќ фуриозно до рекордна 23. грен слем титула


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос, а во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 7:6(1), 6:3, 7:5 за рекордна 23. Грен слем титула. Со тоа Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на грен слем титули во историјата. Пред Ролан Гарос ситуацијата на врвот беше изедначена. Ѓоковиќ и Надал […]

Ѓукановиќ: Верувам дека брзо ќе се формира новата власт


Долгогодишниот претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека верува во брзо формирање на новата влада, како и дека ќе се препознае просторот за маневрирање за Црна Гора да добие власт што ќе и одговара на нејзините стратешки интереси, јави Мина. Како што јави ДПС, Ѓукановиќ, по гласањето на парламентарните избори, […]

Мирен изборен ден во Црна Гора со помала излезност на гласачите


Денешните вонредни парламентарни избори во Црна Гора минуваат мирно и само со помали нерегуларности, но излезноста е помала од изминатите парламентарни и претседателски избори, најавуваат набљудувачите. Според Центарот за демократска транзиција, до 15 часот  гласаа околу 35 отсто од гласачите што е помалку отколку на парламентарните и претседателските избори во април 2020 година, кога излезноста […]

Анкета: Близу две третини од граѓаните со позитивен став за „Отворен Балкан“


Вкупно 63,3 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје позитивно гледаат на инцијативата „Отворен Балкан“, во која покрај Северна Македонија, членуваат и Србија и Албанија. Истражувањето, спроведено за потребите на емисијата „Детектор“, покажува дека негативен став кон „Отворен Балкан“ имаат само 15,9 проценти од анкетираните граѓани.   Споредбената анализа со […]

Кинезите се помалку стапуваат во брак


Бројот на новосклучени бракови во Кина во 2022 година опадна на најниското ниво од почетокот на регистрирањето на ваквиот тип податоците, јави денеска кинескиот портал Yicai, оценувајќи дека продолжува трендот на намалување на браковите забележен во последните десет години. Според кинеското Министерство за цивилни работи, само 6,83 милиони двојки лани ги регистрирале своите врски во […]

Касами: Беса нема да влезе во евентуалната широка влада


Лидерот на Беса, Биљал Касами најави дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада. На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами во изјава за медиуми на албански јазик во земјава вели дека неговата партија би влегла во Влада, дури по […]