Ролан Гарос: Ѓоковиќ фуриозно до рекордна 23. грен слем титула


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос, а во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 7:6(1), 6:3, 7:5 за рекордна 23. Грен слем титула.
Со тоа Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на грен слем титули во историјата. Пред Ролан Гарос ситуацијата на врвот беше изедначена. Ѓоковиќ и Надал имаа по 22 победи на еден од четирите најголеми турнири, додека сега сам Ѓоковиќ е на врвот. Роџер Федерер има 20 Грен слем круни во кариерата.
 
Норвешкиот тенисер подобро го отвори мечот и поведе со 3:0 и 4:1. Сепак, тој не успеа да ја задржи брејк предноста до крајот на сетот. Голема и исцрпувачка борба траеше во секој гем од продолжението од првиот сет, со тоа што Руд имаше мала шанса за водство од 5:4 кога водеше со 30:0 на сервис на противникот.
 
Сепак, прашањето кој беше подобар во првиот сет беше решено во тај-брејкот, каде Руд уште на стартот направи неколку големи грешки, а сите ги искористи Ѓоковиќ за убедливи 7:1.
 
Секој играч по еднаш му одзеде сервис на противникот, при што Руд имаше повеќе брејк можности (4:2). Сепак, во остатокот од мечот Руд беше прилично безопасен на сервис на противникот и ниту еднаш до крајот на мечот не беше во позиција да направи брејк.
 

Веднаш на стартот од вториот дел Ѓоковиќ побегна на 3:0 и не ја испушти предноста, додека во третиот сет Норвежанецот подолго време се држеше. Повторно се водеше рамноправна и жестока борба за секој поен, до 5:5 кога Ѓоковиќ направи брејк без загубен поен, а потоа го потврди брејкот за ново славје на париско тло.

 

 

 

Ова беше трет финален натпревар за Руд во кариерата на Грен слем турнирите.

Минатата година на Ролан Гарос освои само шест гема против Надал, додека лани освои сет против Карлос Алкараз во финалето на УС Опен. Сега храбро се бореше, но остана далеку од прославата на премиерата.