Швјонтек за триумфот на Ролан Гарос заработи 2,3 милиони евра,


– Ига Швјонтек вчера стана шампион на Ролан Гарос. Таа во финалето ја победи Каролина Мухова – 6:2, 5:7, 6:4. Полската тенисерка за триумфот на турнирот заработи 2,3 милиони евра, Мухова – 1,15 милиони. Сега паричната награда на Швјонтек за тековната сезона е 4,6 милиони долари. За време на нејзината кариера таа заработила 19,3 милиони […]

Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу


Вработен во Светската здравствена организација е убиен во напад на радикалните исламисти Шебаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус. Шест цивили загинаа, а десет се ранети во нападот на група од седум исламистички борци врз хотелот Перл Бич на брегот на Могадишу ноќта во […]

Бесими: Новиот план на ЕУ значи пристап до повеќе фондови за развој и забрзана интеграција на Западен Балкан


 Новиот план на ЕУ за приближување и економска поддршка на земјите од Западен Балкан ќе значи дополнителни ЕУ фондови за развојни проекти и инфраструктура, додека за нашите компании ќе значи слободен пристап до пазар од половина милијарда потрошувачи. Оваа иницијатива, заедно со националниот План за забрзување на економскиот раст, ќе влијаат на растот на инвестициската […]

Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година


Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен. Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи […]

Напнато кај Тајван: Кинески воени авиони ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец


Воздухопловните сили на Тајван денеска тргнаа во акција откако забележаа 10 кинески воени авиони како минуваат низ чувствителната средина на Тајванскиот теснец, а Министерството за одбрана на островот соопшти дека четири кинески воени бродови исто така спроведуваат борбени патроли. Ова е вторпат за помалку од една недела Тајван да пријави обновување на кинеската воена активност, […]

Нема акушерки, ги заменуваат медицински сестри


Велат дека здравјето е најважно во животот, а недостигот од здравствени работници во државава го зголемува стравот за сопственото здравје кај населението. Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки. Соговорниците на МИА потврдуваат дека од година во година бројката на акушерки се намалува, а се заменуваат со медицински сестри. Во 2004 година […]

Бис за топлиот прием: Концерт на Симон Трпчески со солунскиот Државен филхармониски оркестар


Пијанистот Симон Трпчески синоќа ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Во Церемонијалната сала на Универзитетот „Аристотел“, под диригентската палка на Милтос Логиадис, на програмата беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, покрај делата од Респиги и Стравински. -Топлиот прием од грчката публика, Трпчески го награди и со […]

Азербејџан сака да ја снабдува Македонија со гас, но недостига инфраструктура, вели Амирбајов


Како Македонија да се снабдува со природен гас од Азербејџан, еден од најголемите производители на овој енергент и алтернативен извор на рускиот гас? Ова едно од прашањата кои што често се поставуваат и во домашната јавност, уште од пред пет години, а и сега кога земјава се приклучува кон интерконекторот во Александрополис во соседна Грција. […]

Дигитализацијата и пакетските пратки ги истиснуваат писмата, но ги зголемија поштенските приходи


Дигитализацијата и технолошкиот развој продолжува да го намалува обемот на пратки за коресподенција (писма и поштенските картички). Наспроти приближно 40 милиони писма што ги испорачала националната пошта во 2016 година, лани нивниот број е 25.338.883. Променетите потреби на корисниците и бизнис секторот како резултат на развојот на е-трговијата донесе нови производи и услуги. Пратките за […]

11 јуни во историјата – Трагедија на трката Ле Ман, автомобил удри во гледачите убивајќи 82 од нив


  На 11 јуни 1955 година, тркачки автомобил во Ле Ман, Франција, излезе од контрола и удри во трибини полни со гледачи, при што загинаа 82 луѓе. Трагедијата во познатата 24-часовна трка доведе до забрана за трки во неколку држави. Трката Ле Ман за прв пат се одржа во мај 1923 година и оттогаш се […]

Бугарија: Се подготвува ли импичмент за претседателот Радев


  По формирањето нова влада во Бугарија, засилено се шпекулира и со можноста за отповикување на претседателот Румен Радев. Таквата можност ја анализира весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Неопходното двотретинско […]

Русија повторно е меѓу десетте најголеми економии во светот


  Врз основа на резултатите од минатата година, Русија се врати во првите десет најголеми економии во светот, што се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби. Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 билиони долари, што и овозможи […]

Голем број словенечки работници во потрага по нова работа


  Половина од работниците очекуваат зголемување на невработеноста во следните 12 месеци, покажува истражувањето на Валикон за порталот МојеДело. Расте бројот на активни баратели на работа, а главната причина е желбата за подобри услови. На прашањето како очекуваат да се промени бројот на невработени во Словенија во следните 12 месеци, лани 14 отсто од испитаниците […]

Трамп: Обвинението е смешно и неосновано


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека федералното обвинение објавено против него е „смешно“ и „неосновано“, обид да се загрозат неговите шанси да биде реизбран за претседател на САД во 2024 година. Трамп, во своето прво појавување во јавноста по објавувањето на обвинението, на предизборната конвенција на републиканците во американската сојузна држава Џорџија, рече […]

И криминалците станаат патриоти: Војната ги прекина односите меѓу украинската и руската мафија


  Во едно кафуле во украинскиот пристанишен град Одеса, локален шверцер пуши додека објаснува како војната ги уништила одамна воспоставените врски меѓу руското и украинското подземје. „Огромното мнозинство украински криминалци застана на страната на Украина“, рече 59-годишниот Кирим, кој побарал да биде ословуван под псевдоним. „Но, има и такви кои продолжуваат да соработуваат со Русија“, […]

Земјено прскање против комарци во Скопје


 Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Летовите во рамки на Шенген зоната наскоро со контрола на документите


  Досега летовите во Шенген зоната се третираа како домашни летови. Но, според предлогот на Европската комисија, тоа наскоро треба да се промени. Досега немаше контрола на документи на домашни летови и летови во рамките на Шенген зоната, ако не се брои контролата на личните документи кои компаниите ги прават при качување. Но, наскоро овие […]

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се дообјаснуваат околу уставните измени: Како ќе продолжи процесот


СДСМ е подготвен да го продолжи дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ, но бара најголемата опозициска партија да се изјасни дали останува на ставовите изнесени на средбата на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски одржана во средата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ пред понатамошни преговори, бара СДСМ да се изјасни кој од двата […]

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор


Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ. Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот […]

Чадорите и натаму задолжителни: Еве какво време не очекува денес


Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на […]