„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски со награда за најдобар долгометражен филм во Софија


„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со наградата најдобар долгометражен филм на фестивалот „In the Palace“ викендов во Софија. Ова беше воедно и премиера на филмот на Цветановски, а режисерот во Бугарија пристигна заедно со дел од екипата. Јубилејното 20. издание на „In the Palace“ годинава се одржуваше паралелно во четири града во […]

Американската амбасадорка во Тирана станува број два во Стејт департментот


Тирана – Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, е назначена за заменик помошник главен секретар за европски прашања, што е најважната функција во Стејт департаментот по државниот секретар, јавија албанските медиуми. Дипломатката Ким официјално ќе ја преземе новата функција од 10 јули. Таа е на крајот од амбасадорскиот мандат во Тирана и се очекува да биде […]

Магдебург се искачи на европскиот ракометен трон


Келн – Екипата на Магдебург е нов европски ракометен шампион. Бундеслигашот вечерва во финалето на Лигата на шампионите на турнирот во Келн го победи полски Келце со 30:29 по продолженија. Основите 60 минути завршија без победник, 26:26. На Келце не му беше доволно ниту водството со четири во почетните минути на второто полувреме. Во натпревар […]

Милевски: Против Англија играте еднаш или ниеднаш во кариерата


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Англија. – Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 јуни 2023 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Наставниците и годинава кинат нерви со е-дневникот, надлежните ќе тестираат нови софтвери летово


„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение. Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место […]

Вучиќ силно го нападна ЕУЛЕКС, Западот; ја пофали Унгарија, а и Италија


  Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека против Србија се спроведува хибридна операција и дека дополнително се криминализираат Србите од северот на Косово на Запад и во Белград за никој да не помисли да бара заштита за овие луѓе. Во денешното обраќање од Претседателството на Србија, Вучиќ истакна дека на криминализација особено се изложени лидерите […]

Телата на трите члена на семејството Пацоли пронајдени во извлечениот автомобил од Лепенец


  Стравувањеата на спасувачите, за жал, се обистинија. Во извлечениот автомобил „бмв“ од најдојдениот Лепенец крај Скопје се најдени три беживотни тела на косовското семејство Пацоли – таткото Наим, мајката Мерита и синот Ермал (16). Во трагедијата единствено преживеа другиот син, 21-годишниот Шкељзим. МВР официјално потврди дека се најдени телата на тројцата исчезнати во Лепенец […]

Шпанскиот премиер предупредува на опасност од крајната десница пред изборите во јули


  Шпанскиот социјалистички премиер, Педро Санчез, предупреди на опасноста од дозволување на екстремно десничарската идеологија да навлезе во политичкиот мејнстрим откако конзервативната Народна партија (ПП) склучи серија коалициски договори со радикалната десница Вокс пред генералниот избори следниот месец. Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез, која управуваше со Шпанија заедно со екстремно левичарскиот сојуз Унидас […]

Пронајден автомобил во надојдениот Лепенец, се трага по косовското семејство


  Пронајден е автомобил во Лепенец во близина на местото каде вчера попладне по сообраќајна несреќа во реката падна автомобил марка „БМВ“ со косовски таблички.  Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица „Тигри“ и во моментов се извлекува. Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил „фолксваген туран“ со скопски таблички по што […]

Цените на гасот во Европа повторно растат


  Цените на природниот гас во Европа се зголемија за повеќе од половина досега во јуни по неколкумесечните падови, како вознемирувачки потсетник на минатогодишната енергетска криза. Референтните цени на фјучерсите на гасот се зголемија за 52% од почетокот на овој месец до 35 евра за мегават час. Цените го променија курсот главно поради подолготрајните од […]

И тоа е Македонија: Огномет во Кавадарци за годишнината од стрелањето во Ваташа


  Што сакал да каже градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, со тоа што објави фотографии од огмномет ден пред одбележувањето на 8—годишната на стрелањето на 12-те младиници во Ваташа, веројатно само нему му е јасно. Огномет за што – за положувањето цвеќе на споменикот на убиените ваташани, за доаѓањето на високата делегација од неговата партија; […]

Кај Косовец, кој живее во Кондово, откриен цел арсенал оружје


  Денеска (18.06.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Кривичниот суд Скопје извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин […]

Градењето само на електрани на сонце не ја решава ситуацијата со енергијата, вели Анѓушев


  Кризата со електричната енергија и целата енергетска транзиција може да се реши со технички решенија, а не со административни, изјави сопственикот на „Феронвест“и поранешен вицепремиер за економија, Кочо Анѓушев, на Форумот за енергија во Атина, организиран од Енергетската заедница. Според Анѓушев, техничките решенија треба да овозможат производството на електрична енергија од обновливи извори да […]

Тешки загуби на двете страни додека трае контраофанзивата на Украина


  Русија и Украина претрпуваат голем број воени жртви додека Украина се бори да ги истисне силите на Кремљ од окупираните области во раните фази на нејзината контраофанзива, соопштија во неделата британските власти. Руските загуби се веројатно на највисоко ниво од врвот на битката за Бахмут во март, рекоа британските воени претставници во нивната редовна […]

Вардар носи безживотно тело кај Градско


  Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уланци, Општина Градско, од страна на СВР Велес. Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. За оваа е известена ДЗС и локалната самоуправа.

Песков: Демилитаризацијата на Украина е речиси завршена


  Задачата за „демилитаризација“ што Владимир Путин ја постави за да ја објасни инвазијата на Украина во 2022 година е „во голема мера остварена“. Ова го изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за РТ. „Украина сè помалку го користи своето оружје, а се повеќе и повеќе користи системи за оружје што и […]

Водата се смирува во Кочанско


  Нивото на водата во реките во кочанскиот регион се стабилизира, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ утрово регистрирале извесно опаѓање на дотокот во акумулациите на хидросистемот. Продолжува превентивното испуштање по околу 18 кубни метри од браната Калиманци, а поради намалувањето на водата од притоките на реката Брегалница, нема опасност од поплавување на полињата во […]

Блинкен ги почна разговорите со Пекинг за ладење на тензиите меѓу Кина и САД


  Антони Блинкен во неделата ги започна дводневните дипломатски разговори со високи влогови во Пекинг, со цел да се обидат да ги оладат експлозивните тензии меѓу САД и Кина, кои ставија многумина во светот на работ. Блинкен ја отвори својата програма со средба со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг на проширена дискусија, по […]

Во Мексико умре внукот на Троцки, последниот сведок на неговото убиство


  Естебан (Всеволод) Волков, кој беше внук на Лев Троцки, еден од организаторите на Октомвриската револуција во 1917 година, почина на 97-годишна возраст во Мексико, објави мексиканскиот весник „Хорнада“, повикувајќи се на изјави на неговото семејство и пријатели на социјалните мрежи. Волков е роден во поранешниот Советски Сојуз во 1926 година, а во 1939 година […]