И тоа е Македонија: Огномет во Кавадарци за годишнината од стрелањето во Ваташа
Што сакал да каже градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, со тоа што објави фотографии од огмномет ден пред одбележувањето на 8—годишната на стрелањето на 12-те младиници во Ваташа, веројатно само нему му е јасно.
Огномет за што – за положувањето цвеќе на споменикот на убиените ваташани, за доаѓањето на високата делегација од неговата партија; или спектакл без никаква поента. Или можеби да најави дека јавноста ќе може да ги види бистите на младинците убиени од војските на бугарскиот окупатор.
Објавувајќи ги фотографиите од огнометот на Фејсбук градоначалникот Митко Јанчев напиша:
„Во предвечерието на најголемиот масакр во Втората светска војна, кога свирепо беа стрелани 12 ваташки младинци, жителите на селото Ваташа вечерва со пригодна програма ќе им оддадат достојна почит на младите животи кои го дадоа својот живот за татковината.
Да не се повтори… Да нема ваков настан… Да не се заборави!“.