Пронајден автомобил во надојдениот Лепенец, се трага по косовското семејство
Пронајден е автомобил во Лепенец во близина на местото каде вчера попладне по сообраќајна несреќа во реката падна автомобил марка „БМВ“ со косовски таблички.
Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица „Тигри“ и во моментов се извлекува.
Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил „фолксваген туран“ со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на семејството Пацоли, од кои 21-годишниот Шкелзим е спасен и пренесен во болницата „8 Септември“ во Скопје. Се уште се трага по неговата мајката, таткото и 16-годишниот брат. Спасувачите велат дека потрагата е отежната од временските услови и надојдената река, која со себе носи гранки и смет.
На патниот правел Скопје – Блаце се вршат градежни работи и токму тој дел од трасата каде се случил немилиот настан нема банкина ниту друга заштитна ограда.