Во Мексико умре внукот на Троцки, последниот сведок на неговото убиство


Троцки за време на егзилот во Мексико

 

Естебан (Всеволод) Волков, кој беше внук на Лев Троцки, еден од организаторите на Октомвриската револуција во 1917 година, почина на 97-годишна возраст во Мексико, објави мексиканскиот весник „Хорнада“, повикувајќи се на изјави на неговото семејство и пријатели на социјалните мрежи.

Волков е роден во поранешниот Советски Сојуз во 1926 година, а во 1939 година заедно со својот дедо Лав Троцки пристигна во Мексико, каде студираше хемија. Во 1990 година, внукот го претвори семејниот дом во мексиканската престолнина во куќа-музеј на Троцки, пишува во „Хорнада“. Весникот забележува дека Волков бил последниот сведок на атентатот на Троцки во 1940 година во Мексико.

Непосредно пред смртта на Ленин во 1924 година, започна внатрешна борба за моќ во Комунистичката партија на Русија, во која Лав Троцки беше поразен. Во ноември 1927 година беше исклучен од партијата, а во 1929 година протеран од Советскиот Сојуз. Во 1932 година, на Троцки му беше одземено и тогашното советско државјанство.

Во 1937 година Троцки доби политички азил во Мексико, од каде остро ја критикуваше политиката на Сталин. Набрзо се дозна дека агенти на советското разузнавање подготвуваат атентат врз него. На 24 мај 1940 година беше направен првиот обид за атентат врз Троцки, но тој преживеа. Меѓутоа, на 20 август 1940 година, тајниот агент на тогашниот Народен комесаријат за внатрешни работи, Рамон Меркадер, просталинистички шпански комунист, кој бил воведен во 1930-тите во неговата непосредна околина, дошол да го посети и го уби со инистичка секира. во неговиот дом во мексиканската престолнина.