(Видео) Советот на амбасадори и Бранко Црвенковски разговараат дали е можно побрзо членство во ЕУ


Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски организира трибина на тема: „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“    

„Кајмак“ вечерва пред данската публика


Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген.  – Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ – работен наслов „Биста“ – ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски […]

Едно лице загина, неколку се ранети во престрелка во Чикаго


Едно лице загина, а најмалку 20 се ранети во престрелка што се случи вчера на паркинг во предградие на Чикаго во САД, соопштија властите.  -Најмалку 20 луѓе беа застрелани. Една жртва почина. Мотивот за овој инцидент е нејасен, рече Ерик Свансон, заменик во канцеларијата на шерифот на округот Дупајџ. Според него, бројни жртви биле пренесени […]

НБРМ одржа 150 предавања за финансиска писменост на младите


Народната банка спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини и во учебната 2022/2023 година. Народната банка ја заокружи годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост и инклузија, со голем број учесници, меѓу […]

Дел од патиштата се непроодни поради наноси од земја и кал


Поради наноси од земја и кал непрооден е регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп. Од денеска до 23 овој месец патот Велес – Градско ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот поради поставување на слој од асфалт, информира АМСМ. Оттаму информираат дека поради […]

Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни


Деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). – Причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување […]

Учениците од гимназијата „Никола Карев“ станаа европски шампиони за средни училишта


Екипата на скопската гимназија „Никола Карев“ во финалето на Европското првенство за средношколци го победија тимот на „Бохимул Храбал“ од Чешка. Македонските ученици беа подобри со резултат 99-95, а наградата за најкорисен играч на натпреварот заврши кај Ангел Стојанов. Кај девојките, златниот медал ѝ припадна на чешката гимназија „Припоточни“ од Прага. На Европското првенство за […]

Претставена новата финска Влада


Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, ги претстави клучните позиции во новата Влада, која ќе ја предводи партискиот лидер Петри Орпо. Според политичките аналитичари, тоа ќе биде најдесничарската влада од Втората светска војна. По разговорите што траеја повеќе од седум недели, НКП во петокот објави дека постигнала договор со […]

Нападната полициска касарна во Пенсилванија, загина еден полицаец


Државната полиција во Пенсилванија идентификуваше еден полицаец кој беше убиен и еден тешко ранет во нападите во саботата од вооружен маж кој упадна во касарната на државната полиција и отвори оган, а подоцна беше убиен по потера и размена на оган. Со убиството и ранувањето на полицајците, билансот на престрелките минатиот викенд во Пенсилванија се […]

Албанија: Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот


Се финализираат подготовките за пописот на населението и домаќинствата на целата територија на Албанија, што ќе почне на 18 септември, потврди директорката на албанскиот Институт за статистика, (ИНСТАТ), Елса Дули. Таа додаде дека за оваа статистичка операција ќе бидат ангажирани околу 7.000 попишувачи, за што во тек е јавен повик, и оти вкупните трошоци за […]

Ново судење против Алексеј Навални


Москва – Во казнената колонија, во која веќе издржува долгогодишна затворска казна, денеска треба да почне ново контроверзно судење против познатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, изјави неговиот адвокат, јави ДПА. Во оваа прилика, додава агенцијата, Московскиот општински суд постапката ќе ја организира во околу 260 километри оддалечениот затворски логор, каде Навални се наоѓа веќе […]

Oлимписката шампионка и полицајка Клаудија Пехштајн под истрага заради расизам


Берлин – Германската федерална полиција покрена истрага против петкратната олимписка шампионка во брзо лизгање, 51-годишната Клаудија Пехштајн, која инаку е полицајка, поради можни прекршувања на законите за државните служби и расистички изјави. На настанот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во саботата во Берлин, Пехштајн се појави во униформа и одржа говор во кој повика на депортација […]

ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.  -По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на […]

Дебата на тема можно ли е побрзо членство во Европската Унија


Интерактивна дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски. На настанот воведно обраќање ќе имаат поранешниот претседател […]

Патот Велес – Градско од 8:00 до18:00 часот затворен за сообраќај поради асфалтирање


Од денеска до 23-ти овој месец, во периодот од 08:00 до18:00 часот, поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во населеното место Градско, информираат утрово од АМСМ. Непрооден е и регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп, бидејќи има наноси од земја и кал […]

Верстапен се изедначи со Сена по победи во Формула 1


Монтреал – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, вечерва победи на трката од Формула 1 шампионатот возена во Монтреал за Големата награда на Канада. Двократниот шампион во Формула 1 ја освои шестата победа оваа сезона и 41-ва во кариерата. Верстапен се изедначи со трикратниот светски шампион, легендарниот  Аиртон Сена. Верстапен и Сена се на петтото […]

Џафери во Стокхолм на Конференција за демократијата во Европа


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе учествува на Конференција за демократијата во Европа, во Стокхолм, Кралство Шведска заедно со делегација составена од пратениците, Соња Мираковска, Ремзи Мехмеди и Никола Мицевски. Како што соопшти собраниската прес-служба, Конференцијата е со наслов „Како можат парламентарците да помогнат во заштитата и зајакнувањето на демократијата […]

Ковачевски и Николовски на увид на санацијата на системот за наводнување „Макарија“ кај Росоман


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе изврши увид на санацијата на системот за наводнување „Макарија“ кај Росоман. При увидот ќе го придружува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Претежно сончево и значително потопло


Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и потопло. Ќе дува […]