Салман Ружди добитник на Наградата за мир на германската организација на издавачи и книжари


Берлин – Салман Ружди, кој е еден од најпознатите светски автори од објавувањето на неговиот роман „Деца на полноќ“ од 1981 година, е овогодинешниот добитник на Наградата за мир на германската организација на издавачи и книжари, пренесе ДПА. Седумдесет и шестгодишниот писател, кој минатата година беше тешко повреден во обид за атентат, наградата ќе ја […]

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна


Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот […]

Лога: Можно е законски да престане мандатот на сегашниот Судски совет


  Тоа што се случи во Судски совет сите нѐ загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога.  […]

Украина можеби ќе ја запре офанзивата за да размисли за тактиката


  Украинските вооружени сили може да ја прекинат контраофанзивата што започна пред две недели за да ги разгледаат тактиките за идните операции, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ). „Оперативните паузи се вообичаен феномен во големите офанзиви и оваа пауза не значи крај на украинската контраофанзива“, нагласуваат аналитичарите. „Волстрит џорнал“ на 17 јуни објави дека […]

Во катастрофата на бродот со мигранти кај Грција загинаа 300 Пакистанци


  Повеќе од 300 пакистански државјани загинаа во потонувањето на пренатрупаниот рибарско брод кај брегот на Грција, што е најновата трагедија во бегалската криза со која се соочува Европската унија, додека десетици илјади бараат засолниште од војната, прогонството и сиромаштијата. Претседателот на пакистанскиот Сенат, Мухамед Садик Санџрани, ги откри бројките во изјавата во неделата, испраќајќи […]

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни


Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар. Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е […]

Притвор за Косовецот кој беше фатен во Кондово со бомби, пушки и ракетен фрлач


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што […]

Расчистена улична депонија во Трнодол


Граѓаните повторно се жалат на нечисти улици и лоша хигиена низ главниот град, а екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во изминатите денови отстранија голема депонија лоцирана во населба Трнодол, во општина Карпош. Од претпријатието информираат дека биле отстранети 12 кубни метри претежно мешан комунален и кабаст отпад од Трнодол. ЈП „Комунална хигиена“ – […]

Губењето тежина може значително да го забави стареењето на мозокот


Преминувањето на диета со многу свеж зеленчук и без преработена храна може значително да влијае на биолошката старост на мозокот, покажува новото истражување. Имено, се чини дека медитеранската исхрана богата со зеленчук, морска храна и интегрални житарки ги успорува знаците на забрзано стареење на мозокот кои обично се забележуваат кај дебелите луѓе. Имено, нашата возраст […]

Загина млад човек од Македонска Kаменица возејќи мотор


Во неделата, околу 15.20 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар […]

Блинкен се сретна со Ши за време на посетата со голем влог на Пекинг


  Кинескиот лидер Ши Џинпинг и највисокиот американски дипломат Ентони Блинкен се состанаа во понеделникот во Пекинг, како потенцијално клучен чекор кон зацврстување на американско-кинеските врски, откако тие се прекинаа по спорот околу кинескиот разузнавачки балон претходно оваа година. Блинкен е првиот американски државен секретар што го посети Пекинг во последните пет години и неговите […]

Жителите од високата зона во Кочани трет ден без вода за пиење од градскиот водовод


Жителите од високата зона во Кочани и во селото Бели трет ден се без вода за пиење поради сериозен дефект на градската водоводна мрежа. Причина за прекинот во водоснабдувањето е оштетување на главната доводна линија што поминува под Кочанска Река, а високиот водостој во речното корито предизвикал кинење на металната цевка во близина на пешачкиот […]

Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид


Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека […]

Арсовска избрза: Мостот „Беласица“ нема да се пушти наскоро


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, предвреме ги даде оптимистичките најави дека многу скоро, идната недела, потпалениот мост „Беласица“ ќе биде пуштен во употреба. Професорот Михаил Гаревски, еден од нашите најпознати експерти, вели дека мостот нема да биде пуштен скоро повторно во употреба затоа што испитувањата не се завршени. „Пуштањето на мостот во најголема мера […]

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите


Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ѝ гостува на Англија во рамки на 4. коло од група Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавија дека ќе вложат максимум да ја продолжат традицијата и да останат непоразени и во третиот натпревар на гостински […]

Граматковски: Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави


Акумулацијата Стрежево, која ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор, ја спаси Пелагонија од поплави, изјави генералниот директор на ЈП Хидросистем Стрежево, Методија Граматковски. Акумулацијата Стрежево бележи зголемен доток изминатите денови како последица на интензивните врнежи од дожд, но од истоименото јавно претпријатие се подготвени […]

Ивановски со најдобар АТП ранкинг во кариерата


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг во кариерата и се наоѓа на 362. место во сингл на АТП листата. Ивановски напредуваше 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела, што се должи на неодамнешниот триумф на фјучерсот во Скопје. Втор македонски играч на ранг-листата […]

Зеленски му одговори на Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења за уништените американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина го доби како донација. Зеленски ноќеска беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè […]

УГД – Чекор кон светот“ – работилници за кореографија и танц со предавачи од Германија, Сингапур и Украина


Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во […]

„Преводот како движење меѓу културите“- работилница за книжевен превод во „Буква“


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Работилницата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 23, 24 и 27 јуни.  Работилницата ќе опфати различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи […]