Ковачевски верува во работните групи за уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски верува дека до заеднички став за уставните измени може да се дојде преку работните групи, иако опозицијата тоа го отфрла. „По средбата со Христијан Мицкоски има добра основа, практично сите работи што беа поставени и беа прифатени се одлична основа за да работата продолжи на оперативно ниво, низ работни групи коишто […]

Албанија бележи раст на странските инвестиции, највисоко ниво во последните осум години


Директните странски инвестиции во Албанија, во периодот јануари-март годинава, забележале раст, што според статистиката на Централна банка на Албанија, ова е најдоброто прво тримесечие во последните осум години. – Албанската економија во првото тримесечие од годинава апсорбирала повеќе странски доректни инвестиции. Тие изнесуваат 308 милиони евра и бележат пораст од 1,65 отсто во однос на […]

Османи во Лондон се сретна со британскиот министер Клеверли


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со државниот секретар за надворешни работи на Британија, Џејмс Клеверли, на која присуствуваше и  министерот за Европа, Лео Докерти. Османи упати благодарност за значајната улога на Обединетото Кралство во одржување на безбедноста и просперитетот во регионот и поддршката во клучните области за напредокот на Македонија, […]

Жител на Гевгелија мамел жени низ државата барајќи им пари


Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – „измама“ од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – „лажно претставување“ од член 391 став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Обвинителството. – Осомничениот, во временскиот период од 17.07.2022 година до 15.04.2023 година, во […]

Жестока битка за селото Пјатихатка во областа Запорожје (Видео)


  Последното село, осмо по ред, што го поврати под свое владение Украина е Пјатихатка во областа Запорожје. Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти во неделата призна дека Украина го повратила под своја контрола селото што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја започна својата контраофанзива претходно овој месец. Владимир Рогов рече […]

Бензините поевтинуваат за еден денар, дизелот без промена


Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство.  Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од […]

Три лица од Радовиш олеснети за над 460 илјади денари од тројца измамници


Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица. Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна […]

Семејството Обама и брачната двојка Хенкс- Вилсон на грчкиот остров Сифнос


Атина– Поранешниот американски претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел и двете ќерки заедно со актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера биле на вечера на грчкиот остров Сифнос, пишува грчкиот информативен портал „Ајефимерида“, објавувајќи фотографии, јави дописничката на МИА од Атина.  Според информациите на порталот, семејството Обама во петокот пристигнало во Грција и […]

„Ер Србија“ воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид


Ер Србија воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид. Националната српска авиокомпанија ќе лета до Охрид од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, четири пати неделно, секој понеделник, среда, петок и сабота. Првиот лет на „Ер Србија“ свечено беше пречекан на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. – При изборот на дестинации, патниците посветуваат големо внимание […]

Следните денови стабилно и топло време, за викендот локален дожд, грмежи и засилен ветер


Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само в среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре времето ќе биде стабилно и значително потопло. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне […]

„ЕСМ Дистрибуција на топлина“ ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во најкраток можен рок


  Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании, соопштија денес од „ЕСМ Дистрибуција на топлина“. „’ЕСМ Дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во […]

Помали придонеси и поголеми квоти за странски работници ќе го ублажи проблемот со недостигот на работна сила


Стопанската комора на Северозападна Македонија бара од Владата намалување на придонесите, либерализација на работната сила и зголемување на квотите за странските работници. Ова, според нив, се дел од решенијата за да се надмине проблемот со недостигот на работна сила. На долг рок, сметаат дека треба да се подготви долгогодишна програма во која Министерството за образование […]

„Отворен Балкан“ го носи Зубин Мехта на концерти во Белград, Тирана и во Скопје


 – Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката […]

Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари


Министерството за правда отвори  канцеларија за бесплатна правна помош. Министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка . ,,Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на  граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да […]

Кој ќе го наследи богатството на Берлускони?


Милано- Со заминувањето на Силвио Берлускони, центарот на вниманието се свртува кон потенцијална драма за наследување, бидејќи неговите наследници го наследуваат контролниот удел на огромната деловна империја на покојниот италијански магнат. Фининвест, трустот на семејството Берлускони, контролира огромен број компании во сектори кои се движат од телевизија до филм до издаваштво и фудбал. Богатството на […]

Бранко Црвенковски има идеја како да се дојде до фондовите и пазарот на ЕУ


  Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски денеска во Скопје изјави дека процесот на интегрирање на нашата земја во ЕУ не треба да се сведува само на проблемот со Бугарија, туку дека нашите политики во однос на евроинтеграциите мора да го имаат предвид и поширокиот контекст, а тоа е дека интеграциите на целиот регион се […]

Причините за смртта на малата Јана најпрво ќе ги чујат родителите, па јавноста


  БИТОЛА – Извештајот за причините за смртта на малата Јана Христовска (6) од битолското село Кравари први ќе го добијат родителите, па после ќе биде објавен за јавноста, изјавија за „Независен“, од Основното јавно обвинителство во Битола.  Шестгодишната Јана почина на 22 март во битолската Клиничка болница само неколку часа откако била примена со […]

Поплавите не познаваат граници, мора рано да се предупредува


Поплавите се појава којашто не може да се избегне, токму затоа системот за рано предупредување од поплави е од исклучително значење и тој треба да овозможи навремено информирање на сите луѓе. Од големо значење е и меѓусебната соработка на државите во случаи на поплави, особено кога имаме и меѓугранични, меѓудржавни сливови, беше посочено на отворањето […]

Од утре изменет сообраќаен режим на делницата Демир Капија – Неготино поради градежни активности


АМСМ известува дека од утре почнуваат градежни активности на државен пат А1, делница Демир Капија – Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. На оваа делница од утре ќе има пренасочување на возилата од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две […]

Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити преку компјутерска измама


Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на […]