Учениците од гимназијата „Никола Карев“ станаа европски шампиони за средни училишта


Екипата на скопската гимназија „Никола Карев“ во финалето на Европското првенство за средношколци го победија тимот на „Бохимул Храбал“ од Чешка.

Македонските ученици беа подобри со резултат 99-95, а наградата за најкорисен играч на натпреварот заврши кај Ангел Стојанов.

Кај девојките, златниот медал ѝ припадна на чешката гимназија „Припоточни“ од Прага.

На Европското првенство за средни училишта учествуваа екипи од Србија, Чешка, БиХ, Република Српска, Црна Гора и Франција.