Гладков: Гори енергетска централа во Белгород врз која дрон фрли бомба


Гувернерот на рускиот Белгородски огруг Вјечеслав Гладков утринава  соопшти дека во овој регион избувнал пожар во енергетска централа, потврдувајчи дека пожарот бил предизвикан од бомба фрлена од дрон. Гувернерот тврди дека во нападот нема повредени, а објектот не е оштетен. Проукраински сили, составени од руски бунтовници, веќе неколку недели вршат диверзантски акции во Белгородската област. […]

Златан Ибрахимовиќ низ солзи на „Сан Сиро“ се прости од фудбалот


  По последното  коло од Серија А и средбата Милан – Верона, се случи нешто неочекувано, Златан Ибрахимовиќ (41) се прости од фудбалот.   Легендарниот шведски напаѓач не беше во составот на Милан на овој натпревар поради повреда на потколеницата со која долго време се мачеше, но беше на стадионот. Навивачите на Милан му посветија […]

Во „цесната“ што ја бркаа ловци, загинаа ќерката и внуката на донатор на Трамп


Внуката и ќерката на Џон Румпел, главен донатор на кампањата на Доналд Трамп, загинаа во авионска несреќа во близина на Вашингтон, пишува Мирор. На падот на авионот му претходела вистинска бркотница, која настанала кога американски воени авиони го пробиле звучниот ѕид додека ја бркале „цесната“ во која биле членовите на семејството на Рампел, а експлозијата […]

Денеска пресуди за обвинетите за пожарот во модуларната болница во Тетово


Во Основниот суд во Тетово денес во 12 часот треба да биде изречена пресудата за обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. На 29 мај беа искажани завршните зборови на Обвинителство и адвокатите на обвинетите по што судијата Јордан […]

Казната е 300 евра: Почна пишувањето казни за пиење алкохол на јавно место


Во Хрватска, поточно во Сплит, властите почнаа да пишуваат казни за консумирање алкохол на јавни места, најавени на почетокот на годинава. Да потсетиме, според новата одлука за комунален ред, на туристите им е забрането да се шетаат по улиците во костими за капење, а доколку не ја почитуваат оваа одлука ќе бидат казнети со 150 […]

Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови


 Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12 882 склучени бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1 851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од […]

Мајами го победи Денвер и израмни во финалето на НБА


 Мајами ноќеска на гостински терен го совлада Денвер со 111:108 во вториот натпревар од финалето на НБА-лигата. Центарот на Нагетс Никола Јокиќ беше најефикасен кошаркар на натпреварот со 41 поен и 11 скока, но и тоа не беше доволно неговиот тим да ги избегне поразот. Кај „жешките“ се истакна Гејб Винсент со 23 поени. Резултатот […]

Деветнаесет мртви под одрон на земја во Кина


Деветнаесет лица вчера загинаа во свлечиште во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Според првичните информации за несреќата, локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на исчезнатите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените гласила. Изворите наведуваат дека до одронот на земјиштето дошло на врвот на планината, кај една шумска фарма, […]

Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија […]

Како на писта: На автопатот Тетово-Скопје возеле 227 и 214 километри на час


Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и […]

Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј ќе одржат заедничка литургија во Охрид


По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј […]

Драма на небото над Вашингтон: Борбени авиони пробија звучен ѕид во лов на мала „цесна“


Американските власти испратија група воени авиони во неделата во лов на мал авион кој неовластено навлезе во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија. Воени авиони ја пробиле звучната бариера над главниот град на САД за да стигнат до Cessna Citation, кој може да превезе седум до 12 патници, соопштија […]

Европа поделена околу предлогот на телекомите да се оданочуваат технолошките компании


  Мнозинството членки на ЕУ засега го отфрлаат предлогот на големите европски телекомуникациски компании за воведување специјален данок за технолошките гиганти како Гугл, Фејсбук или Нетфликс, кои би ги финансирале инвестициите во инфраструктурата, особено во 5Г мрежата. Како што објави Ројтерс, министрите за телекомуникации од 18 земји на состанокот со комесарот за внатрешен пазар Тиери […]

Руското Министерство за одбрана тврди дека не успеала украинската офанзива во Доњецк


Руските вооружени сили ја одбија украинската офанзива во правец на јужен Доњецк, соопшти утринава руското Министерство за одбрана. Украина офанзивата ја почнала со шест механизирани и два тенковски баталјони, објави руското министерство на Телеграм. „Утрината на 4 јуни, непријателот почна голема офанзива во пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк“, се наведува во […]

Премиерот Ковачевски на увид на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп, денеска, ќе изврши увид на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино. Како што соопштија од владината прес-служба, по увидот, премиерот Ковачевски, заедно со министерот Бочварски и директорот […]

Промоција на новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденчиња


Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче. На настанот ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, првиот вицепремиер, Артан Груби, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на гинекологија, […]

АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска на прес – конференција ќе најави почеток на кампањата за Африканската чума кај свињите. На прес – конференцијата ќе се обрати директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка и поддршка од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) веќе четврта […]

Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД


Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но […]

ДУИ одбележува 21 година од основањето


Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска одбележува 21 година од основањето. Раководството на партијата предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе присуствуваат на традиционалниот годипен настан во Скопје додека фракцијата на партијата организира собир во Тетово. Традиционалното одбележување на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во скопскиот хотел Александар Палас. […]

Воведна конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, денеска во Скопје ќе се одржи воведна Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА). Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска во Република […]