Во „цесната“ што ја бркаа ловци, загинаа ќерката и внуката на донатор на Трамп


Внуката и ќерката на Џон Румпел, главен донатор на кампањата на Доналд Трамп, загинаа во авионска несреќа во близина на Вашингтон, пишува Мирор.

На падот на авионот му претходела вистинска бркотница, која настанала кога американски воени авиони го пробиле звучниот ѕид додека ја бркале „цесната“ во која биле членовите на семејството на Рампел, а експлозијата исплашила десетици илјади жители на Вашингтон и на околните области.

Во авионот биле ќерката и двегодишната внука на Рампел, заедно со дадилка и пилотот.

Малиот авион Цесна предизвика голем безбедносен проблем и силен удар, резултат на пробивање на звучниот ѕид, при подигнување на ловците Ф-16, бидејќи пилотот не одговарал на повиците и летал над населено место.

Според официјалните податоци, авионот со семејството Румпел се урнал во Вирџинија, „бидејќи пилотот изгубил свест“.

Неколку часа подоцна, полицијата објави дека спасувачите ги пронашле остатоците од авионот во руралната долина Шенандоа, и дека нема преживеани.

Приватниот авион бил регистриран на Рампел, кој изјавил дека „се надева оти неговата ќерка и внука, како и другите кои загинале, не страдале многу“.

Членовите на семејството на Румпел се враќале дома откако го посетиле неговиот дом во Северна Каролина.

„Авионот паѓаше со 6 километри во минута и никој не може да го преживее тоа“, изјави Рампел за The New York Times.

Овој бизнисмен, инаку, донирал стотици илјади долари за кампањата на Доналд Трамп, а тој и неговата сопруга се во одборот на директори на Националната асоцијација за оружје.

Воздухопловните власти соопштија дека авионот „Cessna Citation“ полетал од Елизабеттаун, Тенеси и бил на пат кон аеродромот Мекартур на Лонг Ајленд.

Но, авионот потоа го надлетал Лонг Ајленд и се упатил кон Вашингтон, пред да се урне на ридски терен во близина на Монтебело, Вирџинија.

За инцидентот бил информиран и американскиот претседател Џо Бајден.