Казната е 300 евра: Почна пишувањето казни за пиење алкохол на јавно место


Во Хрватска, поточно во Сплит, властите почнаа да пишуваат казни за консумирање алкохол на јавни места, најавени на почетокот на годинава.

Да потсетиме, според новата одлука за комунален ред, на туристите им е забрането да се шетаат по улиците во костими за капење, а доколку не ја почитуваат оваа одлука ќе бидат казнети со 150 евра.

Сплитските комуналии во текот на вчерашниот ден напишале 13 казни во износ од 300 евра, пренесува Index.hr.

„Уште пред ангажманот на обезбедувањето, општинската полиција на град Сплит почна да ја спроведува Одлуката за јавен ред и мир. Вчера беа изречени првите 13 казни за консумирање алкохол во стариот центар на градот во износ од 300 евра ( 150 евра ако се платат во рок од три дена“, напиша заменик градоначалникот на Сплит, Бојан Ивошевиќ.

Казната за шетање кучиња без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Kaznata e 300 evra: Zap