Скршениот глужд на Џони Деп ја одложи американската турнеја со Алис Купер и Џо Пери


Џони Деп доживеа „болна“ скршеница на глуждот, објавија актерот и неговиот бенд Hollywood Vampires на Инстаграм во понеделникот. Во писмото објавено на Инстаграм, Деп ја објасни скршеницата. „Започна како мала болка, но некаде помеѓу Кан и Ројал Алберт Хол, стана полошо отколку подобро“, делумно напиша Деп. „Неколку доктори силно ми предложија да избегнувам секаква активност […]

Војната сигна и до Москва. Главниот град нападнат со дронови


  Утрото на 30 мај, Москва беше подложена на масовен напад со беспилотни летала. Три дронови погодија станбени згради. Првиот дрон удри во станбена зграда од 24 ката во Нова Москва, во близина на аеродромот „Внуково“. Нема жртви, очевидци зборуваат за траги од уништување на три ката. Вториот дрон удрил во горните катови на куќа […]

Иранска манекенка со фустанот во Кан испрати силна политичка порака


Кан – Манекенката Махлаг Џабери даде храбра политичка изјава со нејзината облека на Канскиот филмски фестивал , во знак на протест против неодамнешната серија на егзекуции извршени од иранската влада. 33-годишната Иранка се појави на црвениот тепих во црн бодикон фустан со прерамки што наликуваа на јамка околу нејзиниот врат. Во објавата поставена на нејзиниот […]

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати


 Кина го одби американското барање за состанок на министрите за одбрана на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд. „Кина не информираше дека ја одби нашата покана за почетокот на мај секретарот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, се наведува во соопштението на Пентагон за Волстрит журнал. […]

Еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија


Над 100 учесници од заедницата за е-трговија и останати ентузијасти успешно ја спроведоа еко-акцијата во која се собираше отпадот од пешачките патеки на планината Водно. Еко-акцијата, која беше во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, имаше за цел да го поттикне единството во секторот за е-трговија и паралелно да влијае на зачувување […]

МНТ со „Народен непријател“ гостува во Подгорица и во Зеница


МНТ со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди […]

Политичката порака на Новак Ѓоковиќ предизвика контроверзии на Ролан Гарос


  Новак Ѓоковиќ предизвика потенцијален политички спор откако ја напиша фразата „Косово е срцето на Србија“, а истовремено повика на мир по неговата победа со 6:3, 6:2, 7:6(1) против Американецот Александар Ковачевиќ во понеделникот. Ѓоковиќ го искористи вообичаеното потпишување на камерата по натпреварот за да ја напише пораката: „Косово е [симбол на срцето] Србија. Стоп […]

Викендот на гордоста се отвора со изложба на полскиот уметник Карол Раѓишевски


Единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје се отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот уметник Карол Раѓишевски. Фестивалот ќе трае од 1 до 13 јуни во Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП „Центар-Јадро“, а овогодишниот тематски фокус е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, […]

Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, обрска и можност за позелен раст и развој на државата


Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со директорот на енергетската заедница, Артур Лорковски. На состанокот директорот Лорковски информираше за тековните и идни предизвици на државите во регионот што, според министерските одлуки, споделуваат регионални предизвици, особено во делот на спроведувањето на Патоказот за декарбонизација и механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (carbon border adjustment mechanism). Со […]

ЕУ до Косово и Србија: Веднаш да се најде политичко решение преку дијалог


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го осуди насилството на Косово и ги повика косовските власти и демонстрантите да ја смират ситуацијата и да се однесуваат одговорно, јави дописникот на МИА од Белград. -ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилство извршено врз припадниците на КФОР, медиумите, цивилите […]

Втор хакерски напад врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција


Втор ден по ред хакерски напад создава проблеми во спроведувањето на завршните испити во средните училишта во Грција, а според грчките медиуми, обвинителот од Врховниот суд веќе наредил да се спроведе истрага, јави дописничката на МИА од Атина.  Националната мрежа за технологија и истражување утрово била на мета на хакерски напад, по што паднала и […]

Костадиновска-Стојчевска во Брисел на скринингот за Поглавјето 26, „Образование и култура“


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел со свое излагање ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“, на кој членовите на работната група ќе го презентираат нивото на усогласеност на македонското законодавство со правното законодавство на Европската Унија во областа на образованието и културата. Темите и областите во ова поглавје […]

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата


  „Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, […]

„Ноќта на 12-ти“ во „Милениум“: Гала филмска вечер со проекција на најдобриот француски филм во 2023


Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на винарската визба „Тиквеш” и Младинскиот културен центар, имаат чест да Ве известат дека во среда, 31 мај 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти”. […]

Агелер: Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси


 Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.  Европа и Северна Македонија, рече Агелер, се на крстосницата на неколку горки енергетски прашања. Таа нагласи дека енергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка, а поттикната од […]

Пендиков денес се враќа во Македонија за да сведочи за претепувањето


Христијан Пендиков денеска за првпат ќе дојде во Охрид откако беше претепан во јануари годинава.Ова утринава го објавија бугарските медиуми, велејќи дека секретарот на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, доаѓа да сведочи на денешното рочиште во Судот во Охрид за случајот за неговото претепување на 19 јануари пред кафе-бар на кејот на […]

Се сврши дизајнерката Ива Спасовска- прстен и шампањско пред Ајфеловата кула во Париз


Модната дизајнерка Ива Спасовска се сврши. Таа во Париз точно пред Ајфеловата кула му кажа „да“ на партнерот Бурак Биркан од Турција. На свечениот чин двојката беше облечена во бело. Ива сподели фотографии на својот Инстаграм профил каде го покажува прстен, и каде свршеникот го отвара славеничкиот шампањ. Таа е една од нашите најталентирани млади […]

Зошто се додава шеќер кога спремате месо на скара? Искусните домаќинки ни ја откриваат тајната


Задолжително додадете една состојка во маринадата и месото на скара ќе биде повкусно. Месото за скара е едно од највкусните и најлесните за подготовка. Сè што треба да направите е прво да го маринирате, а потоа да го печете на скара. Постапката не е воопшто комплицирана, но има трикови кои ќе ја направат уште поубава. […]

Маричиќ во Брисел, продолжува скринингот за третиот Кластер


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде што продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, соопшти СЕП. Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска […]

Ал Хилал му нуди на Меси 1,2 милијарди евра за две години, таткото на Лионел ја прифатил понудата


Париз– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси би можел да се пресели во Ал Хилал, објави „Foot Mercato“. Триесет и петгодишниот Аргентинец е наклонет кон избор на клуб од Саудиска Арабија. Тимот од Ријад му понуди на Меси двегодишен договор за кој ќе добие 1,2 милијарди евра. Таткото на напаѓачот веќе ја прифатил понудата. Во […]