Се сврши дизајнерката Ива Спасовска- прстен и шампањско пред Ајфеловата кула во Париз


Фото: Приватна архива

Модната дизајнерка Ива Спасовска се сврши. Таа во Париз точно пред Ајфеловата кула му кажа „да“ на партнерот Бурак Биркан од Турција. На свечениот чин двојката беше облечена во бело. Ива сподели фотографии на својот Инстаграм профил каде го покажува прстен, и каде свршеникот го отвара славеничкиот шампањ.

Таа е една од нашите најталентирани млади дизајнерки. Својата креативност Ива Спасовска ја открива уште како многу мала, за на 16 години да започне со изработка на накит, а потоа приказната ја проширува и на фустани, капути, козметика. 

„Пред 3 години лансирав сјај за усни „Diamond Lipgloss“ by Iva Spasovska, пред една година воведов онлајн продажба на готов накит и најново за првпат на спектакуларното модно шоу „Angel“ лансирав колекција на 4 парфеми, од кој најпосебниот го носи името „Angel“. Следно имам на ум козметичка линија, летни додатоци како бикини и наметки, повторно накитот и свечени тоалети и комплети сосема уникатни, сподели Ива во претходно интервју за „Слободен печат“.