Кишида го повлече својот син од позицијата секретар поради скандал


Најстариот син на Фуми Кишида, јапонскиот премиер, ќе се повлече од функцијата извршен секретар за политика по негодувањето од јавноста поради неговата употреба на службена резиденција за приватна забава. Фотографиите објавени од неделникот Шукан Буншун го покажуваат Шотаро Кишида и десетина други како позираат или лежат на симболично важните скали на резиденцијата покриени со црвени […]

Арсовска: Да не беше хакиран системот на финансии, ќе ни беа исплатени трансакциите


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на седница на Советот на Град Скопје уште еднаш повтори дека не е блокирана сметката на градот, туку имало проблеми со трансакциите поради неодамнешниот хакерски напад на Министерството за финансии. -Да не беше хакерскиот напад на Министерството за финансии, се што е тековна обврска ќе ни беше исплатено. […]

Вкупно 39 медали за Македонската традиционална таеквон-до федерација на „Гран при Зворник 2023“


 Вкупно 39 медали од кои 10 златни, осум сребрени и 21 бронзен освоија членовите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на Меѓународниот таеквон-до ИТФ А класа натпревар „ГРАН ПРИ Зворник 2023“ што се подржа во БиХ. Претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски информира дека учествувале со 33 натпреварувачи, двајца судии, шестмина тренери и три официјални лица. […]

Меџити: Најдобри сме во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека сме најдобри во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза. – Ние во делот на мултипла склероза, јас како невролог професионалец ви тврдам со одговорност, дека сме најдобри во регионот за обезбедување на терапијата. И ќе продолжиме, ќе се стремиме што повеќе пациенти да вклучиме и бројот […]

Министерот Меџити најавува најквалитетни лекови, при крај постапката за новата позитивна листа


При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови и за околу една недела, заинтересираните компании ќе бидат повикани да аплицираат. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека станува збор за голема проблематика, што трае над 10 години, а со ревидирањето на листата пациентите ќе добијат најквалитетни лекови. – Деновиве сме при […]

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека информацијата за укинување на организациските директори на клиниките е доставена до Владата.  – Модалитетите ќе ги одлучиме заедно со Владата и со експертите. Информацијата е доставена до Владата, но не е помината, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на кој се одбележа Светскиот ден на […]

Левица го повикува Ковачевски да не ја премолчи смртта на уште еден Ром без лични документи


Партијата Левица реагира на смртта на Мемет Камбер, лице на кое, како што велат, му биле ускратени основните права и пристапот до здравствена заштита само затоа што ги немал потребните документи за да го докаже неговиот престој во Македонија. -Овој трагичен настан е само потсетник на системската дискриминација и маргинализација со која ромската заедница продолжува […]

Битиќи: Цената на струјата се регулира не само со стапката на ДДВ


Се прават последните анализи од Регулаторната комисија за енергетика за цената на струјата, која, како што изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, не се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со другите одлучувачки параметри во нејзиното финално креирање. На новинарско прашање за цената на струјата, Битиќи потсети дека законското решение […]

Вкусот на традиционалната српска кујна  во Limak Skopje Luxury Hotel


На 9 јуни 2023 година љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна. По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претставува традиционалните вкусови на српската кујна. За автентичноста на специјалитетите што ќе бидат претставени се […]

Џафери прогласи крај на желбите за вметнување албански јазик во Уставот


  Од четири и пол месеци минимум, па до шест месеци максимум може да трае процесот на усвојување на уставните измени – најави денес претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинарите. Тој не можеше да каже кога иницијативата за уставни измени од Владата ќе стигне во Собранието, но роковите ќе течат од тој […]

Тина Тарнер проговори за болеста на бубрезите два месеци пред смртта


Цирих– Два месеци пред нејзината смрт оваа недела на 83-годишна возраст, Тина Тарнер се отвори дека се ставила во „голема опасност“ поради нејзиното здравје. За меѓународниот Светски ден на бубрегот на 9 март, музичката суперѕвезда ги предупреди своите следбеници на социјалните мрежи за важноста да се внимава на здравјето на вашите бубрези, особено затоа што […]

МЕФ 2023: Енергетската транзиција останува приоритет, неопходна е диверзификација на ресурсите


  Енергетската транзиција е клучна алатка во справувањето со климатските проблеми, но мора да биде инклузивна. Неопходно е и итно дејствување за диверзификација на енергетските ресурси, но и развивање на пазарите за да ги следат промените преку креирање овозможувачка и поттикнувачка средина, беше порачано на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетски Форум 2023, што […]

Ковачевски на безбедносниот форум во Братислава се сретна со Лајчак


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава, оствари средба со специјалниот претставник на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023. На средбата, Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата и Македонија да придонесува за унапредување на регионот, неговиот мир и стабилност, како што го прави […]

Оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години може да очекуваат десет години подолг животен век


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две до 12 недели. Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото […]

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023“


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информаше дека МВР во координација со Амбасадата на САД спровело тактичка вежба „Лебед 2023”, што, како што посочи, претставува уште една потврда како за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.   -Силно ја цениме поддршката која нашиот […]

30 мај во историјата – Заврши Првата балканска војна


  На 30 мај 1913 година е потпишан мировен договор со кој завршува Првата балканска војна, во која трије сојузнички словенски држави Србија, Црна Гора и Бугарија, заедно со Грција ги протераа турските сили од Македонија, територија на Отоманската империја која се наоѓа во бурниот балкански регион на југоисточна Европа. Откако бунтот во Македонија – […]

Џеф Безос ја прослави свршувачката со Лорен Санчез со вино од 4 илјади долари


Кан- Џеф Безос и Лорен Санчез подигнаа скапа чаша вино во чест на нивната свршувачка. На 22 мај, на основачот на Амазон (59) и на новинарката добитничка на Еми (53) им се придружија сестрата на милијардерот Кристина Безос Пур и нејзиниот сопруг Стив Пур во La Petite Maison во Кан, Франција. Извор ја потврди свршувачката […]

По кратка пауза вратите на Хубо маркет повторно отворени


Ве информираме дека по кратка пауза, вратите на Хубо Маркет се повторно отворени за вас. Ребрендирани и силни, се враќаме на пазарот со цел да одговориме на сите Ваши потреби поврзани со домот, градината, деловниот простор, машини и алати и сите останати аспекти од животот во кои совршено се вклопуваат производите од нашиот асортиман. Долгогодишната традиција на Хубо Маркет се темели на […]

Османи: Повеќе интеграција на Западен Балкан за стабилност, предвидливост и доверба во меѓусебните односи


Иако целосното пристапување во ЕУ може да потрае неколку години, на земјите кандидати за членство во Унијата им требаат краткорочни, но веродостојни и реални привремени чекори со цел унапредување на економијата, поврзувањето и демократските процеси. Ова, како што соопшти МНР, го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во Братислава на Форумот ГлобСек 2023, каде […]

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ започнува натпревар во раскажување прочитани книги


Во дигиталната ера, каде технологијата доминира во нашите животи, Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ ги препознава штетните ефекти од прекумерното време поминато покрај мобилен телефон врз помладата генерација. Бројни научни студии покажаа дека изобилството на информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни телефони и платформи за социјални медиуми негативно влијае на концентрацијата, фокусот и социјалната интеракција. Ова резултира […]